STEP UP – Guide for Youth Trainers

STEP UP

    Проектот Step Up се состои од 2 дела: семинар и водич за тренери кои би одговарале на младински прашања. Семинарот поврза на едно место 33 искусни обучувачи кои поседуваат компетенции и мотивација за да придонесат за подобрување на квалитетот на проектите во рамките на Еразмус + програмата на Европската унија.

На индивидуално ниво семинарот е шанса за понатамошно развивање на вештини како обучувачи. Обучувачите се основен елемент кога станува збор за работата на младите во Европа, особено во областа на неформалното учење. Нивната професионална експертиза во комбинација со нивната способност да перформираат во рамки на образовна рамка влијае на квалитетот на активностите за време на тренинзите на клучен начин. За нив, го развивме овој семинар за обучувачи. Главната причина да се создаде овој семинар е да се подигне квалитетот на курсевите за обука во рамките на Еразмус + програмата, особено проектите за мобилност на младите, насочени кон маргинализирани млади луѓе; и тие проекти се фокусирани на најголемите и итни предизвици во Европа како што се невработеноста, бегалците, барателите на азил и мигрантите. Постои општ консензус дека обучувачите кои работат во полето за млади во меѓународни рамка, веќе испорачуваат висококвалитетни образовни програми и проекти, од каде и се јавува потребата за развој на повисок квалитет на тренинзите и промовирање на потребните компетенции.

Овој семинар доведе до посилно признавање на придонесите на младинската работа во општество, развивање стратегии за градење на капацитетите и зајакнување на достапноста на ресурсите и механизмите за поддршка при тренинг.

Публикација – STEP UP-Guide for Youth Trainers

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.

mk_MK