SЕЕ YOU WATCHING ME
Центарot за младински активизам ЦMА Крик , заедно со Сојуз на Извидници на Македонија спроведе проектни активности од проектот “See you watching me“, финансиран од Фондот за деца на ООН(УНИЦЕФ) и Европската унија (ЕУ).
Главната цел на проектот беше да се поттикне социјалното вклучување и комуникацијата меѓу деца со попреченост и нивните врсници, да се вклучат децата сопопреченост во активности поврзани со неформално образование и да се подигне свеста за децата со попреченост и нивните права преку презентирање на резултатите од проектот.
Во периодот од февруари до мај, беа организирани и доставени 10 програми за млади во 5 градови во Македонија: Кичево, Свети Николе, Тетово, Гевгелија и Скопје. Секоја од програмите се состоеше од 10 работилници. Дваесет учесници на возраст од 10-18 години учествуваа во сите поединечни програми. Имаше 10 учесници со типичен и 10 учесници со нетипичен развој во секоја програма, сите соцел на создавање мешана група, отворање простор за разбирање на разликите и создавање социјална инклузија.