Street-APP 4 Inclusion

STREET-APP 4 INCLUSION

Street-APP 4 Inclusion е 24-месечен проект за стратешко партнерство за иновации во областа на МЛАДИ, фокусиран на процесите на градење на капацитети на младинските работници за поефикасни инклузивни активности за доближување до маргинализираните лица. Проектни партнери: CYA Krik Северна Македонија, PROGETTI ASSOCIAZIONE STRADE ITALY, MELAZETA ITALY, Proyecto kieu Spain.

ГЕНЕРАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ И ПОТРЕБИТЕ НА ВЕШТИНИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ`КОИ САКААТ ДА ОРГАНИЗИРААТ АКТИВНОСТИ ЗА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИ НА МЛАДИ ЛИЦА СО КОРИСТЕЊЕ НА ДИГИТАЛНИ АЛАТКИ

Генерален извштај – StreetAPP 4 Inclusion

Оваа студија следи длабоко истражување за состојбата со маргинализираните групи во државите од каде доаѓаат партнерите од проектот. Ова истражување ги испитува потребите на земјите, во однос на потребите на младинските и социјални работници за професионален развој на нивните вештини за теренските активности за маргинализираните клиенти. Резултатите од студијата даваат преглед на состојбите во земјите и насоки со цел да се олесни работата на другите проектни активности и да се развијат следните ИО на проектните активности.
Резултатите од студијата се фокусираат на дигиталните компетенции на младите и на социјалните работници и интеграцијата на дигитализацијата во теренските активности на организациите.
Студијата се фокусира на моменталната состојба околу маргинализираните групи во темите:
– активности предвидени за целната група од страна на организациите кои работат на локално ниво;
– надлежности што ги имаат младинските работници кои ги обезбедуваат активностите;
– правни ситуации со целни групи во земјите;
– придобивки и влијание врз заедницата;
– потреба за употреба на дигитални уреди и дигитална апликација.
Студијата се состои од два различни прашалници: – НВО / институции кои обезбедуваат активностите за целната група на локално и национално ниво и – младински работници кои ги спроведуваат активностите за целната група. Студијата беше спроведена во Италија, Романија, Северна Македонија и Шпанија во периодот јануари-март 2020 година.

АНАЛИЗА НА ПОТРЕБИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ И ПОТРЕБИТЕ НА ВЕШТИНИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ` КОИ САКААТ ДА ОРГАНИЗИРААТ АКТИВНОСТИ ЗА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИ НА МЛАДИ ЛИЦА

Национален извештај- StreetApp 4 Inslusion

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.

mk_MK