Гejмификација за младинско учење

Овој проект ќе биде фокусиран на обезбедување поддршка за младинските работници и организации, кога тие ги подготвуваат активности. Исто така, ќе се фокуира кон поддршка на дигиталното учество и онлајн учење на младите луѓе.

Целна група која ќе биде вклучена во проектот за планираните активности на проектот се:
– Младински организации, кои обезбедуваат основни активности за работа на младите на локално ниво.
– Младински работници, кои секојдневно работат со млади луѓе.
– Млади луѓе на возраст од 15 – 25 години, средношколци и студенти.

Тие ќе бидат вклучени во фазата на истражување за потребите за создавање на дигитална алатка. Како тие сакаат да изгледа алатката и какви можности може да има. Штом IO2 е подготвен, дигиталната алатка ќе биде тестирана од нив.

Приоритет ќе имаат младите кои се:
• Мотивирани и заинтересирани за активно учество во општеството;
• Со ограничени можности и ресурси во процесите на учење;
• Отворени за развој на нови знаења и вештини;
• Вклучување млади од маргинализирани групи од следниве категории: социјални пречки, потешкотии во образованието, географски бариери, економски бариери, културни разлики и млади со попреченост кои ќе бидат вклучени во фазата на тестирање на дигиталната алатка.

     Активностите на проектот ќе се спроведуваат низ фази.
1. Спроведување истражувања за потребите на користење алатка за гемификација за учење на младите. Во оваа фаза, сите организации учеснички ќе спроведат на истражување на национално ниво. Сите партнерски организации ќе го имплементираат со млади луѓе, младински работници и организации кои работат во нивната земја.
2. Креирање на дигитална алатка – алатка за гејмификација за учење преку Интернет.
3. Обука за учење – Тестирање на дигиталната алатка
4. Последната фаза од овој проект е дистрибуција на интелектуалните резултати до целната група – другите младински организации и младински работници, со цел да ги користат во нивните работа , како и да ги подобрат нивните капацитети.

Проектот „Гejмификација за младинско учење“ ќе има долгорочно влијание во однос на дигиталното учество во младински активности. Очекуваме да укаже на признавање на младинската работа во партнерските земји и да ги зајакне капацитетите на младинските работници.

Активности спроведени за проектот преку веб страната на Крик:

Пријава за учество во фокус група “Gamification Tools for Youth Learning”

Повик за младински работници за учество во фокус група „Gamification метод во младинската работа”

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.

mk_MK