Повик за обучувачи за спроведување на обуки на тема програмски јазици

Во период од септември до декември 2018 Цма Крик спроведува проектни активности од проектот Code, Innovate, Connect. Проектните активности се спроведуваат во партнерство со Завод YPSILON од Словенија а се финансирани од САП компанијата од Словенија.

Програмата се состои од:

Септември-октомври Циклус 1- 4 работилници на темите подолу

Октомври Циклус 2- отворени настани на популарни теми за програмирање

Циклус 3-планирање на бизнис предизвици (практична работа на бизнис случаи)

Циклус 4-групите кои најдобро ги испланирале бизнис предизвиците ќе учествуваат на натпревар во Словенија со останатите групи од другите држави.

Центар за младински активизам Цма Крик распишува повик за обучувачи кои ќе спроведат обуки на следните теми:

Обука 1 SAP Cloud Platform (SCP)

Цели на обуката

Учесниците да ги разберат придобивките од SCP (да се објасни накратко и да се имплементира во практика)

Учесниците да се научат како да прикачат вебсајт на SCP.

Обука 2 HTML5

Обука 3 основи на JavaScript

Обука 4 CSS (основно и напредно ниво)

Секоја од обуките се одвива во времетраење од 4 часа (плус кафе паузи) во текот на викендите во месец септември. Точните дати ќе се потврдат.

Потребни квалификации:

Работа со млади

Работа како обучувач

Релевантно познавање на темата за која аплицирате.

Работен јазик-македонски.

Група на учесници пред кои се спроведува обуката- 25 млади лица на возраст од 16 до 30 години со основни или никакви познавања на темите кои ќе бидат селектирани преку јавен повик за учесници. Учесниците ќе учествуваат на обуките без плаќање на финансиски надомест.

Работилниците ќе се спроведуваат во младинскиот центар Крикни во Пржино.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на кратка биографија, план на програма за обуката за која аплицирате и кратко мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com. Во насловот на мејлот наведете за која обука аплицирате.

План на програма-наведете ги темите кои би ги обработиле во текот на 4 часовната обука и методите кои би ги користеле.

Во краткото мотивационо писмо, освен вашата мотивација за аплицирање, наведете повеќе информации за вашето искуство во спроведување обуки со млади и спроведување обуки на овие теми.

Кандидадите можат да аплицираат за една или повеќе обуки.

Бруто сума која се исплаќа на обучувачот за 1 обука е 6 135 мкд. Паричниот надомест се исплаќа по завршување на обуката и поднесување на извештај од истата. Пред започнување на обуката, Цма Крик потпишува договор за привремено ангажирање со обучувачот.

Доколку имате дополнителни прашања обратете се на infokrikcenter@gmail.com

Повикот е отворен до 15.08.2018.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

 

Повик за работилница “Painting crash” која ќе се одржи во сабота 5 Август, 2017 во Младински Центар КРИКНИ, Скопје

Повик  за работилница “Painting crash” која ќе се одржи во сабота 5 Август, 2017 во Младински Центар КРИКНИ, Скопје

 

ЦМА КРИК објавува: Повик за учесници од 4-12 години за креативна работилница

Што:​ Курс за креативна работилница  “Painting crash”

Кога: 5​ Август, 2017​ , 11:00 – 13:00

Where:​ Младински Центар – КРИКНИ Скопје,

Повеќе информации за пројектот:

КурсотPainting crash” –​ ќе ги зголеми вештините за критичко размислување на вашето дете, ќе го научи како да црта и да работи воопшто со јаглен.

Ова е креативна работилница во која ќе ви покажеме како се црта со јаглен.

Пред започнувањето на работилницата, ќе имаме важна музејска посета, така што учесниците ќе добијат инспирација, мотивација и идеја за уметност.

Повеќе информации ќе добиете преку меил.

Работилницата во сабота ќе започне со два енерџајзери во вид на психолошки вежби. Се докажува дека овие вежби го мотивираат и поддржуваат начинот на цртање. Така децата ќе произведат два различни видови цртежи и ќе добијат мотивација за големата вежба, што значи дека учесниците ќе бидат подготвени да создадат свој шарен колаж. На крајот ќе понудиме мала изложба, така што учесниците може да ги покажат своите резултати и нивните мали уметнички дела на другите учесници. Целата креативна работилница ќе се одржи во нашиот нов шарен и мирен Младински центар КРИКНИ со убава музика во позадина.

Профил на учесници:

  • имаат интерес за цртање со јаглен;
  • мотивација за активно учество во курсот “Painting crash”
  • од 4-12 години
  • инспирирани и креативни

Painting crash повикот е отворен до 31 Јули 2017.

Aко сте заинтересирани пополнете ја оваа апликациска форма

За дополнителни прашања контактирајте не во evskrik@gmail.com

Линк од настанот на ФБ.

Call for kids for a painting crash course workshop – Saturday 5th of August 2017 in the Youth Center KRIKNI, Skopje

CYA KRIK issues: Call for participants aged between 4- 12 years for creative workshops

 

What:​ Creative workshop​ –  crash course for painting

When: 5​th August 2017​ 11 am – 1pm

Where:​ Youth Center – KRIKNI Skopje, Macedonian​

More about the workshop: 

Painting crash course -​This project will increase your child´s critical thinking skills, show how to paint and work in general with charcoal.

It´s a creative workshop and we will show how to paint/ draw with charcoal.

Before the workshop starts we will have museum visit so the participants get inspiration, motivation and an idea of art. You will get more information about the day and time via email.

The workshop on Saturday will start with two warm ups in form of psychologic exercises. It is proved that these draw exercises motivate and support the way of drawing and painting. So the children will produce two different kinds of pictures and get motivation for the big exercise, which means the participants will be ready to create their own colourful collage. On the end we will offer a little exhibition, so the participant´s may show their results and their little pieces of art to the other participants. The whole creative workshop will be delivered at our new colourful and peaceful youth center KRIKNI with nice back ground music.

 

Participant’s profile:

  • have interest in drawing and painting with charcoal;
  • motivation in attending the drawing and painting crash course and participate actively;
  • age 4-12 years old
  • Inspirited and open mind
  • Opportunity to come to the youth center KRIKNI

 

Painting crash course – The call is open until 31​​th of July 2017 .​

If interested to apply fill in this Application Form for participants.

FB event link

 

For any additional questions contact us at evskrik@gmail.com

Call for participants for multicultural movie night – in the Youth Center KRIKNI

CYA KRIK issues: Call for interested participants for multicultural movie night

 

What: Turkish Movie – MOVIE NIGHT – “See new culture in a movie”

When: 15th of June 2017 Monday at 6:30pm

Where: Youth Center – KRIKNI Skopje, Macedonian – st. Karadzica 6, Skopje

More about the event:

MULTICULTURAL MOVIE NIGHT – The goal is to prepare the deep Turkish movie “The Butterfly’s Dream” (”Kelebegin ruyasi”). We will use a projector and offer the movie on a big white wall with nice sounds and English subtitles while the participants are joining snacks and drinks at colorful lazy bags and modern chairs. After 138 minutes full HD movie time and great entertaining we will open an discussion and analyzing meaning of the movie.

The movie is about:

In a small Turkish town, two young tuberculous poets try to survive while publishing their poems. As they both fall in love, their life would never be the same.

Trailer: you can fin it on this link

Participant’s profile: Everyone who is interested to watch a nice movie, have fun and hang out with others, to have at least Intermediate level of English Language because the subtitles will be in English.

You can find the link for the Facebook event here.

The call is open until 11 am Wednesday, the 14th of June 2017

If interested to apply fill in this Application Form for participants.

For any additional questions contact us at evskrik@gmail.com

Повик за учесници на работилница математички квиз – 19 Јуни 2017 во Младинскиот центар КРИКНИ, Скопје

ЦМА Крик објавува: Повик за мотивирани учесници на работилница – Математички квиз

 

Што: Работилница математички квиз – Размрдај го телото. Размрдај го умот.

Кога: Понеделник, 21 Јуни 2017 година во 17:00 часот

Каде: Младински центар – КРИКНИ Скопје – ул. Караџица 6, Скопје

Повеќе за работилницата:

Математички квиз – Целта на оваа работилница е да се подготви интересен и предизвиувачки математички квиз, чиј фокус се математички вежби во комбинација со спортски активности. Исто така, учесниците ќе работат во група и треба да се подготвени да одговорат заедно на математичките прашања и да ги надминат спортски предизвици заедно. Учесниците ќе имаат можност да научат полесен и креативен начин за решавање на математички проблеми преку интересни игри каде ЕВС волонтерите ќе бидат присутни за поддршка. Во текот на работилницата убава музика ќе го исполни младискиот центар 🙂

Овој проект е одлична можност за споделување идеи, запознаване нови пријатели и да се добие еден поинаков поглед на математика.

Профил на учесниците:

  • средно ниво на англиски јазик;
  • да се заинтерсирани за математика и спорт
  • основните математички знаења
  • мотивација за присуство на работилницата – математички квиз и да се активни учесници
  • да се во можност да дојдат во просториите на Младинскиот центар – КРИКНИ;
  • толерантни и отворени за нови начини на учење
  • млади со попреченост се добредојдени
  • да уживаат во музиката

 

Повикот е отворен до 11 часот во петок, 20 јуни, 2017

Ако сте заинтересирани пополнете го формуларот за апликација за учесници.

За сите дополнителни прашања контактирајте не на evskrik@gmail.com

Call for participants for math quiz workshop – 19th of June 2017 in the Youth Center KRIKNI , Skopje

CYA KRIK issues: Call for motivated participants for math quiz workshop

 

What: Math quiz workshop – MATHEMATICS QUIZ – Move your body. Move your mind.

When: 19th of June 2017 Monday at 5:00pm

Where: Youth Center – KRIKNI Skopje, Macedonian – st. Karadzica 6, Skopje

More about the project:

Math quiz – The goal is to prepare a colorful and funny math quiz, which means we will create a quiz with the focus in math exercises combined with sport activities. Furthermore they have to be teams which are answering together the math questions and to overcome sport activities together. The participants will get an easier way to solve math problems trough funny games and the EVS volunteers which are supporting, too. Nice music will fill the youth center where the math quiz workshop will be delivered. This project is a great opportunity to share the hobby, meet new friends and to get a different view of math.

Participant’s profile:

● at least Intermediate level of English Language;

● have interests in math and sport;

● basic math knowledge;

● motivation in attending the math quiz and participate actively;

● able to come in the Youth Center – KRIKNI;

● tolerant and open for news;

● youth with disabilities are welcomed;

● to enjoy the music.

 

The call is open until 11 am Friday, the 16th of June 2017

If interested to apply fill in this Application Form for participants.

For any additional questions contact us at evskrik@gmail.com

Настан за дисеминација на резултати од проект ERASMUS4VIP

Настан за дисеминација на резултати од проект ERASMUS4VIP

Центар за младински активизам Цма Крик ве кани на дводневен дисеминациски настан за споделување на резултатите од проектот Erasmus4VIP кој ќе се одржи на 30 и 31 мај 2017 (вторник и среда) 2017 со почеток од 12:00 до 16:00 часот во просториите на младинскиот центар Крикни. На дводневниот настан ќе имате можност да се запознаете со резултатите од проектот но и да научите нешто ново за работа со лица со оштетен вид.

За проектот ERASMUS4VIP:

Програма: Ерасмус +, КА2 Стратешко партерство во областа на млади

Тема: подобрување на секојдневието на лицата со оштетен вид во Македонија

Партнери: Offensiva Tinerilor Romania (координатор), NART Bulgaria, Magnitas Tiffli Greece, Pancyprian

Association of Blind Cyprus, Center for youth activism – CYA KRIK

✓ На настанот ќе имате можност да се запознаете со резултатите од проектот:

Резултати:

• компендиум за работа со лица со оштетен вид,

• развиена методологија за работа со лица со оштетен вид

• веб страна

✓ На настанот ќе имате можност да се запознаете повеќе со работата со лицата со оштетен вид преку интерактивни работилници:

3 работилници за работа со лица со оштетен вид

Работилница 1: Tips and Tricks за работа со лица со оштетен вид водена од партнерите од Offesiva Tinerilor од Романија

Работилница 2: Јас како лице за придружба-како да водиш лице со оштетен вид водена од партнерите од NART Бугарија.

Работилница 3: World Café – разбивање на стереотипите за лицата со оштетен вид водена од ЦМА КРИК Македонија

✓ На настанот ќе имате можност да слушнете за позитивните искуства на младинските работници кои работеа со лица со попреченост изминатите 3 месеци како дел од проектот See You Watching Me. Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ и Европската Унија (ЕУ).

10 презентации за младинските програми кои се реализираа во период од февруари до мај 2017 каде учесници беа лица со попреченост и без.

 

Огромно задоволство ни е доколку присуствувате на дводневниот настан и заедно дискутираме и учиме за една од навистина важните теми, но за жал некогаш заборавено во секојдневието-лицата со попречености.

Ве замолуваме да пријавите учество за дводневниот настан најдоцна до 29.05.2017 со пополнување на кратка апликациска форма.

Линк од настанот.

За вашето учество ќе добиете потврден меил.

За дополнителни информации контактирајте не на infokrikcenter@gmail.com

Срдечен поздрав,

Тимот на Крик

АКТИВНОСТИ ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР КРИКНИ

АКТИВНОСТИ ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР КРИКНИ

Ние сме тимот на Центар за младински активизам ЦМА Крик и би сакале да ве запознаеме со нашата организација.

Што е Центарот за младинскиот активизам Крик?

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација, основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со млади луѓе. Името е инспирација која произлезе од визијата на оваа организација, која треба да биде гласот на младите кои ќе бидат сослушани и ќе прават промени и придонеси во општеството. Крик се стреми кон поттикнување на поголема партиципација на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се сите луѓе (но главно млади) кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството, како и придонесување за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

Повеќе информации во линкот: http://krik.org.mk/

Како дел од Крик во февруари 2017 го отворивме Младинскиот Центар КРИКНИ.

Што е КРИКНИ?

Крикни е младински центар, кој им овозможува на младите простор да ги споделуваат своите идеи, развиваат нови и меѓусебно да се подучуваат преку разни работилници. Младинскиот центар Крикни работи во согласност мисијата и визијата на КРИК.
До сега имаме организирано многу работилници како на пример: Неделата за Борба Против Расизмот, работилници за танц,  креативни работилници, обука за креативно решавање на проблеми, обука за користење на Адолесцент Сетот на Уницеф и други. Исто така, бевме домаќини на луѓето од Маршот за Алепо.

Проверете го нашиот Фб: https://www.facebook.com/YouthCenterKRIKNI/

И нашиот Инстаграм: yc_krikni1

Нашиот центар е отворен за сите. Можете да дојдете кога сакате, да седнете и да разговарате со нас, да се одморите и да уживате со добро друштво, да ја напишете вашата домашна задача со нашата помош, да го искористите просторот за работа, да реализирате некоја активност итн. Тоа е пријатно и пријателско место каде што секогаш ќе најдете добри луѓе со кои можете да го уживате денот.

Во блиската иднина планираме да организираме нови работилници и активности. Имаме многу планови и идеи, но најважно за нас е да ги слушнеме идеите и интересите на младите за да можеме активностите да ги подготвиме според вашите потреби. За таа цел имаме прашање за сите вас.

Доколку имате идеи за работилница или активност на која би сакале да учествувате Ве молиме пополнете го прашалникот:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeO7nykAMeXOFvfQQNUzTsDBDjEhJ9O7G_7eUeueBs_LiEOiw/viewform

Ги очекуваме вашите идеи 🙂

Повик за учесници на креативни работилници за танцување и цртање, кои ќе се реализираат во Младинскиот центар КРИКНИ, Скопје

ЦМА КРИК објавува: Повик за мотивирани учесници за креативни работилници за танцување и цртање

Што: Креативни работилници

  1. Танцувачки клуб – “ imPOSSIBLE – I´m gonna dance on the walls call freedom.”
  2. Цртање на ѕид – “Feelings on the wall”

Кога: Работилниците ќе се реализираат во период од мај до јули 2017 година

Танцувачки клуб – секој вторник 18:00 – 19:00 часот (ќе започнат од 9ти мај 2017)

Цртање на ѕид – секој четврток 18:00 – 19:00 часот (ќе започнат од 11ти мај 2017)

Каде: Младински центар КРИКНИ, Скопје

Ул. Караџица бр. 6, Пржино https://goo.gl/maps/2HzoMvMFt652

Повеќе за овој проект:

Танцувачки клуб – Учесниците на овие работилници ќе научат нови движења базирани на хип-хоп и балет, нешто повеќе за балетот и различни типови на музика. На крајот од овие работилници ќе има завршен настан на кој ќе се претстави заедничкиот танц. Танцувачкиот клуб ќе го фасилитираат ЕВС волонтерите Петер од Германија и Барбара од Полска. Петер обожава да игра и има настапувано во балетската претстава „Клеопатра“.

Цртање на ѕид – Овие работилници имаат за цел да го поттикнат критичкото размислување на учесниците, да им овозможат да го нацтраат она што го мислат. Креативни работилници на кои ќе се црта, бои и слика. На крајот од работилниците, сите учесници заедно ќе цртаат на еден од ѕидовите во Младинскиот центар КРИКНИ. Фасилитатори на овие работилници е нашите ЕВС волонтери од Германија Петер и од Полска Агата. Заедно со учесниците ќе се споделуваат искуства за цртање, ќе се научат нови вештини и различни стилови на цртање.

Профил на учесници:

  • Млади на возраст од 14 – 20 години
  • Мотивирани да учествуваат на работилниците Танцувачки клуб и/или Цртање на ѕид
  • Млади кои се во можност да доаѓаат во Младинскиот центар КРИКНИ
  • Млади кои имаат основно познавање на Англиски јазик

 Начин на аплицирање:

Доколку сте заинтересирани за некоја или пак двете работилници пополнете ја оваа апликациска форма.

Рокот за аплицирање е до четврток 04ти мај 2017 година.

За дополнителни прашања можете да ни пишете на evskrik@gmail.com

Повик за учесници на обука за користење на Адолесцент Сет за Изразување и Иновации – Уницеф

ЦМА КРИК објавува повик за учесници на обука за користење на Адолесцент Сет за Изразување и Иновации – Уницеф


Што:
 Обука за користење на Адолесцент Сет за Изразување и Иновации – Уницеф

Кога: Обуката ќе се реализираа во четврток  30 март 2017 година, 16:00 – 20:00 часот

Каде: Младински центар КРИКНИ, Скопје

Ул. Караџица бр. 6, Пржино https://goo.gl/maps/2HzoMvMFt652

Повеќе за оваа обука:

Адолесцент Сетот има легендарна историја во УНИЦЕФ. Од своите скромни почетоци, дизајнот на сетот е заеднички напор на експерти, заедници и адолесценти од целиот свет. Адолесцент Сетот е прв сет на Уницеф кој користи  ‘design thinking’ and ‘human centered design’ (HCD) методи во неговото создавање.

Адолесцент Сет за Изразување и Иновации е пакет на насоки, алатки и материјали наменети за поддршка на земјите да ги вклучат адолесцентите на возраст од 10 – 18 години кои се погодени од конфликти, кризи и сиромаштија преку образованието, детската заштита, развој на младите и/или градење на мировни иницијативи.

Целта на адолесцент сетот за истражување и иновации е да промовира позитивни резултати за психосоцијалната благосостојба на адолесцентите, учење животни вештини, како и позитивно и активно ангажирање во нивните заедници преку крос-секторски прилагодливи и развојно соодветни пристапи. Сетот особено ги поддржува активностите на користење на креативност, иновативност и адолесцентска иницијативност како методи за постигнување на овие резултати.

Со оваа обука сакаме да им го претставиме овој Адолесцент Сет од УНИЦЕФ кој навистина ќе им помогне на младинските работници при спроведување и дијазнирање на младински програми.

Повеќе информации за Адолесцент Сетот – http://adolescentkit.org/#home-section

Профил на учесници: Младински работници – 16 – 29 години

Начин на аплицирање: Доколку сакате да учествувате на оваа обука пополнете ја оваа апликациска форма.

Рок за аплицирање: 29 март 2017 година

За дополнителни прашања можете да не контактирате на kriksending@gmail.com