2021 Youth Inclusive Summer Camps

Центар за младински активизам заедно со Сојуз на извидници на Македонија го објавува реализирањето на Инклузивните младински кампови кои ќе се спроведат во летниот период.

Инклузивните младински кампови се кампови каде учесници се млади лица со попреченост и без. Камповите траат 4 дена (3 ноќевања) и се случуваат во Извидничкиот центар Охрид-Ицо. 

Камповите се спроведуваат традиционално уште од 2017 година. Слики од изминатите кампови можете да видите тука: 20202019, 2017 (IIIIII)

Повеќе за камповите можете да видите на следното видео

Утринскиот дел од програмата се состои од едукативни активности подготвени според потребите на учесниците, додека попладневниот ден од програма се состои од активности на отворено.

Една група на еден камп се состои од 30 до 40 учесници. Учесниците работат поделени во групи од 6 лица. Групите се состојат од 1 лидер на група кој има искуство во работа со млади лица со попреченост и без, 3 лица со попреченост и 3 лица со типичен развој. Сите учесници на кампот се сместени во шатор.

Со оваа група на учесници работат лица кои се дел од програмскиот тим и тоа: специјален едукатор, социјален работник, фацилитатори, програмски тим за слободни активности и 2 координатори на програмските активности.

Период на реализација 19ти до 22ри август, 2021 година.

Програма на кампот се состои од:

  • Активности за градење на група;
  • Локални и регионални вечери;
  • Активности на отворено (кајакарење, пешачење, стрелаштво, водени лудории, палење на логорски оган, спортски активности и многу други);
  • Работилници каде ќе се користат методите на неформално образование на различни теми;
  • Посети на локалните места во Охрид;
  • Интересни и забавни активности.

За реализација на камповите за летната сезона 2021 година се организира кампања за прибирање средства како би можело да се обезбеди учество за поголем број на учесници.

Доколку сакате да поддржите спроведувањето на кампот, можете да донирате на  оваа платформа.

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.

mk_MK