Завршна конференција КА 3 – VISA International System for Advocacy

На 30.10.2020 Центар за младински активизам Крик организираше завршна конференција – „Чекор по чекор до виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус“.

На конференцијата беа презентирани резултатите од проектот, како и два документи кои беа подготвени со цел олеснување на процесот на аплицирање и добивање на виза за интернационални волонтери:

  1. Документ – Чекор по чекор до виза за волонтери од ESC програмата, во кој секвенцијално се објаснети чекорите и потребните документи за издавање на виза;
  2. Документ со контакт информации од дипломатско-конзуларните претставништва на РС Македонија во странство.

На настанот присуствуваа претставници на младинските организации кои работат или во иднина би сакале да работат со ESC волонтери, претставници на институции и млади лица. Завршната конференција е дел од проектните активности од проектот VISA International System for Advocacy кои ЦМА Крик ги имплементираше поддржани од програмата Еразмус + преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Проектот опфати низа активности кои имаат за цел да го олеснат процесот на извадење на виза за интернационални волонтери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *