Летен инклузивен камп: Кампуваме заедно

Image may contain: text

Центар за младински активизам објавува повик за пријавување на учесници на Инклузивниот младински камп кој ќе се спрове во летниот период.

Како учесници на кампот, можат да се пријават млади лица со и без попреченост од 15 до 19 години.

Кампот трае 4 дена (3 ноќевања) и се случува во Извидничкиот Центар Охрид ИЦО.

Утринскиот дел од програмата се состои од едукативни активности подготвени според потребите на учесниците, додека попладневниот ден од програма се состои од активности на отворено.

Учесниците работат поделени во групи. Групите се состојат од 1 лидер на група кој има искуство во работа со млади лица со попреченост и без, како и млади лица со попреченост и типичен развој.

Со оваа група на учесници работи програмски тим: фасилитатори, програмски тим за слободни активности и 2 координатори на програмските активности.

Кампот се спроведува во периодот од 24ти јули до 28ми јули 2020 година, а притоа ќе бидат преземени мерките за заштита од КОВИД 19.

Програма на кампот се состои од:

-Активности за градење на група;
-Активности на отворено (кајакарење, пешачење, стрелаштво, водени лудории, палење на логорски оган, спортски активности и многу други);
-Работилници каде ќе се користат методите на неформално образование на различни теми;
-Посети на локалните атракции во Охрид;
-Интересни и забавни активности.

Патните трошоци и трошоците за сместување и храна се целосно покриени.

За учество на кампот, може да аплицирате на следните апликациски форми:

-За учесници: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdfOSGDn3g-4YaNFGCyRURkzM1HlagBYh4o0YE9z7Wx0AyQhA/viewform

-За фасилитатори: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe-YE6IG-hNfXeOzLfcSirrQwLvYIHU5JGAMzcY4yS0BwJA2g/viewform

-За лидери: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScHe_0R9iawOdME4brza5fhzAegINnxYbHl8rJLlDj5nfGysw/viewform

Летниот младински инклузивен камп “Кампуваме заедно” е поддржан од страна на Агенција за млади и спорт.

Доколку имате потреба од дополнителни информации, контактирајте не на infokrikcenter@gmail.com

Повикот за аплицирање е отворен до 10ти јули 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *