Предизвиците и потребите на младинскиот граѓански сектор за време на COVID 19

Појавата на пандемијата КОВИД 19 во светот предизвика промени и во работата на граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија. Поради состојбата со која се соочија најголем дел од организациите кои работат со млади, група младински организации креираше прашалник со цел да се препознаат предизвиците и потребите на секторот. Во исто време, на овој начин се овозможи креирање на платформа која послужи за препознавање на областите во кои младинските организации активно работат во услови на криза и ја покажа нивната подготвеност за адаптација и придонес во сфери суштествени за функционирање на целото општество во услови на прогласена пандемија. Резултатите од овој прашалник исто така ги идентификуваше и главните потреби на младинските организации и генерираше препораки кои ги посочија клучните сектори и начините за вклучување на овој сектор од страна на државата во услови на ваква и слични пандемии во иднина. Препораките и предлозите се доставени до релевантни чинители во Република Северна Македонија.

ЦМА Крик во соработока со младинските организации ја покренаа иницијативата за спроведување на анализа за потребите на граѓанскиот сектор за време на COVID 19.

Резултатите од анализата може да ги погледете во документот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *