Вклучи се во WALKIIE

На младинскиот предизвик “Генерација без граници” 2019, поддржан од Фондација на Телеком, Уницеф и Сојузот на извидници на Македонија, а имплементиран од СмартУП – Лабараторија за иновации, тимот “Нешто Нетипично” од Цма Крик победи и  почна да ја разработува идејата за  мобилна апликација наменета за лица со попреченост и лица со типичен развој – кои ќе бидат волонтери и ќе им го олеснат на лицата со попреченост излегувањето надвор, но и да им помогнат на родителите на засегнатите страни.

Името на апликацијата ќе биде Walkiie, односно логото кажува дека двете И се поврзуваат и станува Walkme, ( оди со мене, однеси ме)

Тимот вели: “Она што најмногу ни е потребно е да допреме до родителите и старателите на лицата со попреченост, но и сите оние млади кои би сакале да се пријават како волонтери.”

“За жал, лицата со попреченост многу ретко или воопшто не можат самостојно да излегуваат од своите домови или институциите во кои живеат. Тоа ја попречува нивната социјализација и реализација како личности. Она што го увудив во последните две години работејќи со нив е дека им треба само малку од нашата поддршка и помош Токму затоа сметаме дека оваа апликација ќе биде од помош за двете страни – лицата со попреченост ќе излегуваат почесто, а волонтерите ќе го искористат времето на вистинскиот начин”– Елена Божиновска

“Она што го научив работејќи со лицата со попреченост е дека лек за интелектуалната попреченост за сега не постои , но постоиме ние и можеме да им бидеме огромна поддршка. Од психолошки гледан аспект, поради одредените ограничувања во когнитивното функционирање и вештини, вклучително и комуникациски, социјални и вештини за самогрижа на лицата со интелектуална попреченост доведува до проблем за извршување на нивните социјални активности кои ние ги согледавме”– Ѕвезда Иванова

“Тешко ми е сам да се снајдам и не можам сам во автобус или низ град. Подобро ми е ако има некој со мене да ми покаже каде треба да одам и повеќе време да поминувам надвор”– Лазе Димов ( лице со попреченост)

Во недела на 8ми март во 12 часот, на Школка, токму на денот на жената е закажан настанот за презентација на апликацијата, можност за пријавување на волонтерите кои се заинтересирани и дружење со лицата со попреченост преку интересни игри.

Доколку сте заинтересирани да се вклучите како волонтер, лице на кому му е потребна поддршка или родител на лице кое му е потребна поддршка, пополнете ја следнава форма https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd4G260r6nbuT0vYIgeSA8lYPO9HO3zaDNwJko1yvrs_wVsYg/viewform

Можност за поддршка и повеќе информации:

Facebook: https://www.facebook.com/walkiieapp/ (WalkiieApp)

Instagram: https://www.instagram.com/walkiie_app/ ( walkiie_app)

Email: walkiieapp@gmail.com

Web site: http://walkiie.com/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *