Повик за членови на Управен одбор Генерално годишно собрание се одржува на 12.03.2020 четврток, младински центар Крикни

Центар за младински активизам Цма Крик објавува повик за членови на Управен одбор . Годишното генерално собрание ќе се случи на 12.03.2020 четврток со почеток од 17:00 часот.

Според член 26 од Стаутот на Цма Крик, член на Управниот одбор може да биде:

Член 26

Управувањето на организацијата во периодот меѓу две седници на Собранието го врши Управниот одбор и го сочинуваат пет члена.

Управниот одбор го избира Собранието како највисок орган.

Член на Управниот одбор може да биде лице кое е деловно способно и е активен, полноправен член на Здружението најмалку две години.

Членовите на Управен одбор не добиваат финансиски надомест за својата работа во рамките на одборот.

Според Член 30 од Статутот на Цма Крик, Управниот одбор ги има следните надлежности

Член 30

Управниот одбор на Здружението ги има следниве надлежности:

  • го следи спроведувањето на Статутот, Стратегијата и Програмата на Здружението,
  • се грижи за работењето и имотот на организацијата,
  • мониторира и прегледува имплементација на одобрените годишни средства и ако е возможно прави нивна измена,
  • ја разгледува завршната сметка и ревизорскиот извештај и ги поднесува за усвојување пред Собранието,
  • собира и алоцира нови средства,
  • поднесува нови проекти
  • развива политика која ја претставува пред Собранието,
  • рапортира пред Собранието за имплементација на одобрените одлуки,
  • суспензира и исклучува членови,
  • поднесува годишни извештаи за својата работа пред Собранието и
  • врши други работи во согласност со Статутот и актите на Здружението.

Доколку сакате да бидете член на Управен одбор, пополнете ја формата за член на Генерално собрание  и дополнително испратете ваша кратка биографија на infokrikcenter@gmail.com  не подоцна од 09.03.2020 крај на работно време.

Доколку имате дополнителни прашања пишете ни на infokrikcenter@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *