Повик за членови на Генерално собрание 12.03.2020 четврток, младински центар Крикни

Центар за младински активизам Цма Крик објавува повик за членови на Генерално собрание. Годишното генерално собрание ќе се случи на 12.03.2020 со почеток од 17:00 часот.

Генералното собрание се организира 1 годишно (регуларно) и дополнително по потреба.

Согласно член 17 од Статутот на Цма Крик, членови на Генералното собрание на Крик можат да бидат полноправни и придружни членови.

Член 17

Постојат две категории на членување, односно полноправно и придружно.

Полноправниот член има право на еден глас за време на Годишното Собрание, има право да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението. Полноправниот член редовно плаќа членарина.

Придружниот член може да присуствува на Годишното Собрание при што нема право на глас. Придружни членови се симпатизери на организацијата или гости. Придружниот член не плаќа членарина.

Полноправен член е лице кое

  • активно учествувало на минимум 6 активности организирани од Крик
  • спровело минимум 1 активност (настан, работилница или слично) во рамки на програмата на Крик

Придружен член е лице кое

  • активно учествувало на минимум 3 активности организирани од Крик

*Активност е секоја краткорочен или долгорочен настан кој е организиран во рамки на програмата на Крик.

**Спроведена активност значи самостојно да се испланира, дизајнира и спроведе одредена активност во рамки на програмата на Крик.

Според член 19 од Статутот на Крик, Собрание е:

Член 19

Собрание

Собранието на Здружението е негов највисок орган, кое го води Претседателот на Собранието, а во неговата работа учествуваат сите членови, но право на глас имаат само полноправните членови.

Според член 25 од Статутот на Цма Крик, Собранието ги има следните надлежности:

Член 25

Собранието на Здружението ги има следните надлежности:

  • донесува Статут, програма и други акти,
  • усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на огласната табла на својата интернет страница,
  • доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа,
  • одлучува за промена на целите на Здружението,
  • одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на Здружението,
  • избира и разрешува членови на органите,       
  • одлучува за статусните измени на Здружението,
  • одлучува за престанок на Здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на Здружението и
  • врши други работи во согласност со Статутот и актите на Здружението.

Доколку сакате да бидете дел од Управувачкото тело на Крик аплицирајте на следниов линк не подоцна од 09.03.2020 крај на работно време.

Доколку имате дополнителни прашања пишете ни на infokrikcenter@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *