Повик за учесници во младински програми

Центар за младински активизам Цма Крик спроведува 5 младински програми за млади лица со попреченост и типичен развој. Младинските програми се составени од 10 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период март-мај 2020 во специјалните училиштата:

ДУЦОР „Партенија Зографски“
Младинската програма ќе опфати циклус работилници на тема Employability и посета на компании од бизнис секторот во Скопје, Прилеп и Струмица кои имаат за цел да ги припремат учесниците активно да се вклучат на пазарот на трудот по завршување на формалното образование. Програмата ќе опфати и работилници кои ќе го поттикнуват креативното изразување на учесниците.
Локација: Маџари, Скопје

ПСУ „Д-р Златан Сремец“
Младинската програма ќе опфати циклус работилници на тема животни вештини. Преку неформална едукација ќе се имплементираат активности кои имаат за цел да го поттикнат осамостувањето на учесниците. Работилниците ќе се имплементираат секоја среда од 10:30-11:30.
Локација: Кисела Вода, Скопје.

ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци
Младинската програма е составена од циклус работилници кои ќе опфатат посета на културно-уметнички настани.
Локација: Топанско Поле, Скопје.

ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
Младинската програма ќе опфати циклус работилници кои ќе опфатат посета на културно-уметнички настани.
Локација: Капиштец, Скопје.

Инклузивен центар кој функционира во рамките на проватното средно училиште – САБА
Младинската програма ќе опфати циклус работилници на тема: Our ability through creativity. Целта на младинската програма поттикнување на креативното изразување кај младите лица. Работилниците се имплементираат секој четврток со почеток од 19:00 часот.
Локација: Центар, Скопје

Работилниците се состојат од едукативни, креативни и забавни активности кои ќе бидат имплеметиранни од тим од младински работници со времетраење од 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за млади лица.

Краен рок за аплицирање: 01.03.2020

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не на: kriksending@gmail.com.

Доколку сте заинтересирани ве молиме пополнете ја следнава апликациска форма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *