Повик за младински работници кои ќе ги имплементираат младинските програми во специјалните училишта

Центарот за младински активизам ЦМА Крик објавува повик за младински работници кои ќе ги имплементираат младинските програми во специјалните училишта.

Младинските програми опфаќаат циклус од 10 работилници кои се имплиментираат еднаш неделно во период март до мај 2020. Целта на младинските програми е зголемување на социјалната инклузија на младите лица со попреченост и градење на еднакво, демократско и инклузивно општетсво.

Работилниците опфаќаат едукативни, креативни и забавни активности кои се наменети за млади лица со попреченост (млади лица со интелектуална попреченост, млади лица со оштетен говор и слух и млади лица со аутистичен спектар на нарушување) и типичен развој, а кои ќе се имплементираат во специјалните училишта:

1.ДУЦОР „Партенија Зографски

Локација: Маџари, Скопје.

2.ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци  

Локација: Топанско Поле, Скопје.

3.ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“

Локација: Капиштец, Скопје.

4.ПОУ „Д-р Златан Сремец“

Локација: Кисела Вода, Скопје.

5. Инклузивен центар „Дружење без граници“ кој функционира во рамките на Приватното средно училиште САБА

Локација: Центар, Скопје.

Работилниците се реализираат во просториите на училиштата во Скопје и во природа.

Предност ќе имаат млади лица кои имаат:

  • Искуство во имплементирање на активности за мешани групи (млади лица со попреченост и типичен развој)
  • Подготвени да работат во тим
  • Самоиницијативност и посветеност.

Селектираните младински работници ќе бидат вклучени во фазата на подготовка на младинските програми, развивање на плановите на сесии и имплементирање за кои ќе добијат финансиски надоместок од 6000 мкд (бруто износ).

Краен рок за аплицирање: 17.02.2020

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не на: kriksending@gmail.com

Доколку сте заинтересирани ве молиме пополнете ја следнава апликациска форма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *