Повик за учесници на завршен настан од проектот Чекори кон инклузија

Во периодот од мај до декември 2019 гoдина во Скопје, Центар за младински активизам КРИК спроведува програма за младински работници во рамки на проектот Чекори кон Инклузија кој е во склоп на Проектот за младинско изразување. Проектот за младинско изразување е финансиран од Европската Унија а го спроведува Младински Образовен Форум, во партнерство со Лоја и Младински сојуз Крушево. Проектот Чекори кон Инклузија има за цел да создаде социјална инклузија на лица со попреченост кои доаѓаат од специјалните училишта во Скопје со нивните врсници со типичен развој.

Центар за младински активизам Цма Крик во периодот од септември до декември 2019 година спроведуваше 5 младински програми за млади лица со попреченост и типичен развој. Младинските програми се состоеа од 10 работилници секоја, кои се одвиваа еднаш неделно во специјалните училиштата: ДУЦОР „Партенија Зографски“ , ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци, ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ , ПСУ „Д-р Златан Сремец“ и Центар за лица со Даунов синдром – САБА .

По завршување на програмите ве каниме на завршен настан кој ќе се случи на 23.12.2019 година, понеделник со почеток од 20:00 часот во просториите на клубот Вулкан.

На настанот учесниците и младинските работници ќе имаат можност да ги претстават резултатите од спроведените активности од изминатиот период. Секој член од тимот ќе има можност да ги дисеминира резултатите од проектот, како и да го сподели своето искуство и доживување од самиот процес.

Вториот дел од настанот е наменет за вмрежување. Младинските организации во овој дел ќе имаат можност да разговараат со учесниците за начинот на кој што може да се вклучат младите лица со попреченост во нивните активности.

Завршниот настан служи за дисеминација на резултатите од проектните активности. Завршниот настан е од отворен и информативен карактер и поканети сте да ни се придружите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *