Повик за учесници на младински програми во специјалните училишта

Во периодот од мај до декември 2019 гoдина во Скопје, Центар за младински активизам КРИК спроведува програма за младински работници во рамки на проектот Чекори кон Инклузија кој е во склоп на Проектот за младинско изразување. Проектот за младинско изразување е финансиран од Европската Унија а го спроведува Младински Образовен Форум, во партнерство со Лоја и Младински сојуз Крушево. Проектот Чекори кон Инклузија има за цел да создаде социјална инклузија на лица со попреченост кои доаѓаат од специјалните училишта во Скопје со нивните врсници со типичен развој.

Центар за младински активизам Цма Крик спроведува 5 младински програми за млади лица со попреченост и типичен развој. Младинските програми се составена од 10 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период октомври-декември 2019 во специјалните училиштата:

ДУЦОР „Партенија Зографски

Младинската програма ќе опфати циклус работилници поврани со социјалните мрежи, заштита на идентитетот и податоците, како и креативни работилници и настани на отворено. Работилниците ќе се имплементираат секоја среда од 19:30-21:00. Локација: Маџари, Скопје.

ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци

Младинската програма ќе опфати циклус работилници на тема: Dance and tolerance. Целта на младинската програма е почитување на различностите и зголемување на социјалната инклузија преку музиката и танцот. Во текот на работилниците учесниците преку латино таници, зумба и балет ќе научат да ги почитуваат различностите и ќе се зголеми социјалната инклузија на младите лица со попреченост. Работилниците ќе се имплементираат секоја среда од 15:30-17:00. Локација: Топанско Поле, Скопје.

ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“

Младинската програма ќе опфати циклус работилници на тема: Интеркултурен дијалог преку танц и музика. Целта на младинската програма е зголемување на социјалната инклузија на младите лица со попреченост преку танц и музика и презентирање на традицијата и културата на Италија и Словенија од страна на ЕВС волонтери, како и на нашата држава. Работилниците ќе се имплементираат секој четврток од 16:00-17:30. Локација: Капиштец, Скопје.

ПOУ „Д-р Златан Сремец“

Младинската програма ќе опфати циклус работилници на тема: Здрав живот и заштита на животната средина. Целта на младинската програма е учесниците да стекнат навика за избор на здрав избалансиран оброк и подигнување на свеста за заштита на животната средина. Посета на фитнес центри и креативни работилници со употреба на рециклирани материјали. Работилниците ќе се имплементираат секоја среда од 10:30-12:00. Локација: Кисела Вода, Скопје.

Центар за лица со Даунов синдром – САБА

Младинската програма ќе опфати циклус работилници на тема: Личен развој. Целта на младинската програма е зајакнување на капацитетите на младите лица преку јасно поставување на граници и стекнување на животни вештини за осамостојување.

Работилниците се состојат од едукативни, креативни и забавни активности кои ќе бидат имплеметиранни од тим од младински работници со времетраење од 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за млади лица.

Работилниците се реализираат во просториите на училиштата во Скопје и во природа. Циклусот работилници се дел од проектот „Чекори кон Инклузија“ кој е во склоп на Проектот за младинско изразување. Проектот за младинско изразување е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Младински Образовен Форум, во партнерство со Лоја и Младински сојуз Крушево. Проектот „Чекори кон Инклузија“ има за цел да создаде социјална инклузија на лица со попреченост кои доаѓаат од специјалните училишта во Скопје со нивните врсници со типичен развој.

Краен рок за аплицирање: 04.10.2019.

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не на: kriksending@gmail.com.

Доколку сте заинтересирани ве молиме пополнете ја апликациската форма

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *