Конференција “Youth participation for ALL!”

Центарот за младински активизам ЦМА Крик со задоволство ве поканува на 16.09.2019 година во Public Room, со почеток од 13:00 часот на конференцијата “Youth participation for ALL!”. На конференцијата ќе бидат презентирани постигнатите резултати од проектините активности. Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во нивниот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво.

Во склоп на активностите беа имплементираа 10 работилници во три специјални училишта во Скопје, истражување, 5 чајанки, кои се имплементираа во периодот од Февруари до Март 2019, 5 настани на отворено, кои се имплементираа во соработка со Сојуз на извидници на Македонија во периодот од Април до Мај 2019 и истражување за мапирање на успешни приказни на лица со попреченост. Настаните беа планирани и имплементирани од тим составен од младински работници и опфатија активности од едукативен и забавен карактер, кои имаа за цел да ја зголемат социјалната инклузија на младите лица со попреченост.

Проектот “Youth Participation for ALL!” се спроведуваше во рамки на регионалниот проект „Средиште на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија.

Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Маладиинфо Интеранционал (Македонија). Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Доколку сте заинтересирани да присуствувате пополнете ја следнава апликациска форма: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfoUvRH_BrFiGCldo2fjWcx6__n1UFaYjAQRgkXW9ri6wbUmA/viewform.

Доколку имате дополнителни прашања, можете да не контактирате на: infokrikcenter@gmail.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *