Успешна приказна – И ние можеме!

Запознајте го Даниел, младо лице со попреченост и успешен режисер. Ова младо лице е студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Истовремено, тој е координатор на Клубот за пишување драми во неговиот роден град. Неговите успеси почнуваат да се нижат во 2009-та година. Еден од неговите најголеми успеси претставува тоа дека е еден од сценаристите на аудио-драма за лица со оштетен вид. Неговиот филм „Услов“ наскоро ќе биде претставен на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

Успешните приказни се дел од проектот „Youth participation for ALL!“. Проектот се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија. Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Маладиинфо Интеранционал (Македонија). Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *