Успешна приказна – И ние можеме!

Запознајте го Игор, младо лице со попреченост од Струга. Неговата приказна започнува во 2013 година како продавач на списанијата „Лице в лице“. Тој е секогаш подготвен и мотивиран за продажба, а најмногу го радува тоа што претставува пример и инспирација за другите. Работи како продавач во Охрид и Струга. Благодарение на неговите високо развиени комуникациски вештини успева да продаде од 100 до 150 списанија на ден, со што придонесува со значен дел во семејниот буџет. Негова цел е во иднина да го зголеми бројот на продадени списанија.

Успешните приказни се дел од проектот „Youth participation for ALL!“. Проектот се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија. Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Маладиинфо Интеранционал (Македонија). Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *