Повик за учесници, лидери на група и фацилитатори за Инклузивни младиснки кампови

Центар за младински активизам заедно со Сојуз на извидници на Македонија го објавува повикот за пријавување на учесници на Инклузивните младински кампови кои ќе се спроведат во летниот период.

Инклузивните младински кампови се кампови каде учесници се млади лица со попреченост и без. Камповите траат 6 дена (5 ноќевања) и се случуваат во Извидничкиот центар Охрид Ицо 

Утринскиот дел од програмата се состои од едукативни активности подготвени според потребите на учесниците, додека попладневниот ден од програма се состои од активности на отворено.

Подготовките за камповите се одвиваат во периодот од март до јуни 2019 година.

Една група на еден камп се состои од 30 до 40 учесници. Учесниците работат поделени во групи од 6 лица. Групите се состојат од 1 лидер на група кој има искуство во работа со млади лица со попреченост и без, 3 лица со попреченост и 3 лица со типичен развој.

Со оваа група на учесници работат лица кои се дел од програмскиот тим и тоа: специјален едукатор, социјален работник, фацилитатори, програмски тим за слободни активности и 2 координатори на програмските активности.

Како дел од програмскиот тим ќе се приклучат и група на извидници од Франција кои ќе работат со учесниците на активностите на отворено.

Период на реализација 16ти до 21ви јули 2019 година.

Програма на кампот се состои од:

  • Активности за градење на група;
  • Локални и регионални вечери;
  • Активности на отворено (кајакарење, пешачење, стрелаштво, водени лудории, палење на логорски оган, спортски активности и многу други);
  • Работилници каде ќе се користат методите на неформално образование на различни теми;
  • Посети на локалните места во Охрид;
  • Интересни и забавни активности.

За реализација на камповите за летната сезона 2019 година се организираше кампања за прибирање средства како би можело да се обезбеди учество за поголем број на учесници.

Доколку сте заинтересирани аплицијате:

За учесници аплицирајте  Тука

За лидери на група аплицирајте Тука

За фацилитатори аплицирајте Тука

Повеќе информации околу одговорности на лидерите на група:

-Присуство на состаноци за подговка на активностите на кампот пред започнување на кампот

-Грижа за учесниците од групата:

-Да не пропуштат оброк

-Доколку учесниците примаат терапија да се осигура земањето на терапијата

-Учесниците да се навреме пристигнати на сесија

-Поддршка и потсетување за личната хигиена на учесниците

-Пренесување на информации до учесниците на групата

-Да се осигура активно учество на учесниците на програмата на кампот во текот на целиот ден

-Присуство на програмата на кампот

-Спроведување на групни рефлексии со својата група на крајот на денот

-Учество на состанок со фацилитаторот на кампот за евалуација на денот и пренесување на информации од групните рефлексии

-Присуство на евалуациски состанок по завршување на кампот

Потребни квалификации за лидер на група

-Претходно искуство во работа со лица со попреченост и без

-Претходно искуство во спроведување на активности со млади и младинска работа

-Познавање од младинска работа

За лидери на група аплицирајте Тука


Повеќе информации околу одговорности на фацилитаторите:

-Присуство на состаноци за подговка на активностите на кампот пред започнување на кампот

-Пренесување на информации до учесниците на групата

-Подготовка на работна програма составена од 4 сесии дневно за учесниците на кампот

-Подготовка на планови на сесии за работната програма

-Спроведување на работната програма

-Да се осигура активно учество на учесниците на програмата на кампот во текот на целиот ден 

-Спроведување на евалуација со главниот фацилитатор на кампот пред почетокот на работниот ден

-Подготовка на финален извештај за работната програма

-Присуство на евалуациски состанок по завршување на кампот

Потребни квалификации за фацилитатор

-Претходно искуство во работа со лица со попреченост и без

-Претходно искуство во фацилитирање и спроведување на обуки со млади лица

-Познавање од младинска работа

За фацилитатори аплицирајте Тука

Лидерските и фацилитаторските позиции се на волнтерска основа, финансиски надоместок не е предвиден.

Патните трошоци до Охрид не се покриени.

Ќе бидат контактирани само оние учесници, лидери и фацилитатори кои ќе бидат селектирани.

Трите повици се отворни до 10ти јули 2019, апликации пристигнати по завршување на повикот за учесници нема да се земат во предвид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *