Повик за 2 истражувачи за мапирање на успешни приказни на лица со попреченост

ЦМА Крик во склоп на проектот Youth participation for ALL, објавува повик за 2 истражувачи.

Главната цел на проектот е да придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско
општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во неговиот развој, развивајќи се
себе си на лично и социјално ниво.

Истражувањето има за цел да мапира 5 успешни приказни кои ги имплементирале лица со попреченост и да подготви соодветен начин за промоција на приказните.

Во склоп на истражувањето ќе се мапираат успешните приказни кои лицата со попреченост ги имаат спроведено во Северна Македонија. По мапирањето на приказните, истражувачите имаат за цел да ги подготват формите на кои ќе бидат промовирани приказните. Како форми може да бидат видеа, презентации, текстови и слични креативни форми за претставување. Подготвените форми ќе бидат презентирани на 3 настани и тоа: Д фестивал, Младинските инсклузивни извиднички кампови и финалната конференција која ќе се одржи во рамки на проектните активности.

Финалната верзија на формите се очекува да е подготвена на почетокот на јули 2019.

Аплицирањето се одвива преку испраќање на ваше CV и мотивационо писмо на
infokrikcenter@gmail.com

За ангажманот предвиден е финансиски надомест.

Проектот “Youth Participation for ALL” се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште
на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија.
Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години, тој е
поддржан од Европската комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација –
Ana and Vlade Divac Foundation (Србија), Прима асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар
за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија),
Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Младиинфо
Интернационал (Македонија).

Краен рок на аплицирање е 7ми јуни 2019 (петок).

За повеќе информации, Ве молиме да не контактирате на infokrikcenter@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *