Camp me in! – Кампања за прибирање на средства-Рачно изработени алки во парк

ЦМА Крик заедно со Сојузот на извидници на Македонија ја спроведува кампањата за прибирање на средства за имплементирање на летните инклузивни кампови! Камповите се 6 дневни кампови кои се организираат во Извидничкиот центар Охрид наменети за млади лица со попреченост и без. За таа цел се предвидени низа активности, започнувајќи од месец Март 2019.

Овој викенд тимот одговорен за прибирање средства одлично си помина изработувајќи алки.

Изминатата недела, како дел од регуларните младински програми во специјалните школи, учесниците заедно со младинските работници подготвија алки и привезоци. Во саботата, на 6ти април, Билјана (Асистент за финансии), Александра (координатор за младински програми) и Коки (координатор за програми за мобилност) заедно со Белтина и Џампо (ЕВС волонтери во Крик) и учениците од ДСУ за рехабилитација и образование “Св. Наум Охридски” организираа настан во Градскиот парк. Тие ги понудија алките и привезоците на посетителите на Градскиот парк. Алките немаа цена, луѓето оставаа донација колку сметаат дека сакаат и се во можност.

Од настанот во Градскиот Парк се собраа 1582 мкд.

Секој викенд до крајот на кампањата ќе се одвиваат слични настани на различни локации. Доколку сте заинтересирани да се приклучите кон спроведување на активностите пополнете ја следнава форма https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc849krWEXUx7XYbAVko_ITmLW2TQi1JqYz02IHGyK7SoLSxA/viewform?fbclid=IwAR1Jf6RW4mh7_2X8O7_HZrslaEyDGakRgXWkdxbN-Z9KTAhupuY74e_b-6E

Остануваме во контакт за наредните викенди

Планот за собирање на средства е следен:

-Котизација за учесниците (во котизацијата се вклучени минималните основни трошоци како храна, превоз и работниот тим) пријавување на учество на  следнава форма

-Кампања за прибирање средства онлајн која можете да ја најдете на платформата indiegogo 

Доколку сте во можност би ви биле благодарни доколку донирате за реализација на Инклузивните летни младински кампови.

-Подаруање на алки и други производи подготвени од лицата со попреченост и без, со очекувана донација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *