Повик за учесници на настани на отворено

Центарот за младински активизам ЦМА Крик објавува повик за учесници на настани на отворено во околните излетнички места во Скопје, како дел од младинските програми кои се спроведуваат во три специјални училишта во Скопје.

Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Младиинфо Интеранционал (Македонија).

Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Во рамки на овој проект, како регрантисти, ЦМА Крик го спроведува проектот „Youth Participation for ALL!“. Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во нивниот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво. 

Во склоп на активностите, во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија предвидено е да се имплементираат 5 настани на отворено, кои ќе се имплементираат во периодот од Април до Мај 2019, а на кои активно учество ќе земат 20 млади лица.

Настаните на отворено ќе бидат организирани од тим составен од младински работници. Овие настани на отворено ќе опфатат активности од едукативен и забавен карактер, а имаат за цел да ја зголемат социјалната инклузија на младите лица со попреченост, кои ќе имаат можност да поминат време со своите врсници од типичен развој.

Петте настани на отворено ќе бидат имлементирани во периодот од Април до Мај 2019 година, на пет локации во Скопје, и тоа:

Скопско Кале – 16. 04 .2019 г. вторник;

Трим патека во Паркот на природата (Гази Баба) – 23. 04. 2019 г. вторник;

Градски парк – 07. 05. 2019 г. вторник;

Шамак ливада – 21.05. 2019 г. вторник;

City tour – 28. 05. 2019 г. вторник.

Доколку сте заинтересирани пополнете ја оваа оваа апликациска форма најдоцна 3 дена  пред одржување на настанот за кој аплицирате.

Проектот “Youth Participation for ALL” се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија.

Доколку имате имате дополнителни прашања, можете да не контактирате на: infokrikcenter@gmai.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *