Camp me in! – Кампања за прибирање на средства-Рачно изработени алки во парк

ЦМА Крик заедно со Сојузот на извидници на Македонија ја спроведува кампањата за прибирање на средства за имплементирање на летните инклузивни кампови! Камповите се 6 дневни кампови кои се организираат во Извидничкиот центар Охрид наменети за млади лица со попреченост и без. За таа цел се предвидени низа активности, започнувајќи од месец Март 2019.

Овој викенд тимот одговорен за прибирање средства одлично си помина изработувајќи алки.

Во саботата, на 30ти март Билјана (Асистент за финансии) и Коки (координатор за програми за мобилност) заедно со Џампо (ЕВС волонтер во Крик) подговуваа алки заедно со учениците од ДСУ за рехабилитација и образование “Св. Наум Охридски”. Во недела, на 31ви март тие ги понудија алките и привезоците на посетителите на Градскиот парк. Алките немаа цена, луѓето оставаа донација колку сметаат дека сакаат и се во можност.

Од настанот во Градскиот Парк се собраа 3200 мкд.

Секој викенд до крајот на кампањата ќе се одвиваат слични настани на различни локации.

Остануваме во контакт за наредните викенди

Планот за собирање на средства е следен:

-Котизација за учесниците (во котизацијата се вклучени минималните основни трошоци како храна, превоз и работниот тим) пријавување на учество на  следнава форма

-Кампања за прибирање средства онлајн која можете да ја најдете на платформата indiegogo 

Доколку сте во можност би ви биле благодарни доколку донирате за реализација на Инклузивните летни младински кампови.

-Продажба на алки и други производи подготвени од лицата со попреченост и без.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *