Camp me in! – Кампања за прибирање на средства-Мафини во парк

ЦМА Крик заедно со Сојузот на извидници на Македонија ја спроведува кампањата за прибирање на средства за имплементирање на летните инклузивни кампови! Камповите се 6 дневни кампови кои се организираат во Извидничкиот центар Охрид наменети за млади лица со попреченост и без. За таа цел се предвидени низа активности, започнувајќи од месец Март 2019.

Овој викенд тимот одговорен за прибирање средства одлично си помина готвејќи мафини.

Во саботата, на 23ти март Александра (Координатор на младински програми) заедно со Белтина и Џампо (ЕВС волонтери во Крик) подговуваа мафини заедно со учениците од ДУЦОР Партенија Зографски. Во недела, на 24ти март тие ги понудија мафините на посетителите на Градскиот парк. Мафините немаа цена, луѓето оставаа донација колку сметаат дека сакаат и се во можност.

Од настанот во Градскиот Парк се собраа 2 000 мкд.

Секој викенд до крајот на кампањата ќе се одвиваат слични настани на различни локации.

Остануваме во контакт за наредните викенди.

Планот за собирање на средства е следен:

-Котизација за учесниците (во котизацијата се вклучени минималните основни трошоци како храна, превоз и работниот тим) пријавување на учество на  следнава форма

-Кампања за прибирање средства онлајн која можете да ја најдете на платформата indiegogo 

Доколку сте во можност би ви биле благодарни доколку донирате за реализација на Инклузивните летни младински кампови.

-Продажба на колачи и други производи подготвени од лицата со попреченост и без.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *