Повик за 2 младински работници за организирање на настани на отворено во околните излетнички места во Скопје

ЦМА Крик објавува повик за 2 младински работници за организирање на 5 активности на отворено со едукативно-социјална содржина во околните излетнички места во Скопје.

Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години, тој е поддржан од Европската комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Divac Foundation (Србија), Прима асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и  Младиинфо Интернационал  (Македонија).

Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат ви нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Во рамки на овој проект, како регрантисти, ЦМА Крик го спроведува проектот “Youth Participation for ALL”. Главната цел на проектот е да придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во неговиот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво.

Во активностите од проектот “Youth participation for ALL” на ЦМА Крик во периодот од април до мај 2019 година се спроведуваат 5 активности на отворено во околните излетнички места во Скопје.

Младинските работници ќе работат во тим составен од 2 младински работници.

Во склоп на активностите предвидено е планирање и спроведување на 5 активности на отворено во околните излетнички места во Скопје со едукативна-социјална содржина. Како учесници на работилниците ќе бидат млади лица со попреченост и без.

Во склоп на работните задачи се вбројува:

  • Изработка на план и програма за 5 активности на отворено во околните излетнички места во Скопје
  • Комуникација и логистичка организација
  • Комуникација со учесници
  • Спроведување на состаноци со програмскиот тим
  • Спроведување на 5 активности на отворено во околните излетнички места во Скопје
  • Евалуација и известување за спроведените настани

Потребни квалификации:

  • Познавање на младинската работа;
  • Претходно искуство во спроведување на младински програми и/или работа со мешани групи на лица со попреченост или без ќе се смета за предност.

Доколку сте заинтересирани пополнете ја оваа апликациска форма  најдоцна до 05.04.2019 (петок).

Во рамки на активностите, предвиден е паричен надомест од 6 135 мкд за организација на 5те настани. 

Проектот “Youth Participation for ALL” се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија.

 

Доколку имате дополнителни прашања, можете да не контактирате на infokrikcenter@gmail.com.

 

Ве очекуваме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *