Заинтересирај се и ТИ!

Цма Крик заедно со Сојуз на извидници на Македонија објавува повик за лица кои сакаат да бидат дел од кампањата за прибирање средства Camp Me In.

Летните кампови за прв пат беа организирани во 2017 година и финансирани од Уницеф Скопје.
Оваа година, не успеавме да прибереме средства од меѓународните, националните и локалните донатори, па решивме да спроведеме кампања за собирање на средства.
Камповите се 6 дневни кампови кои се организираат во Извидничкиот центар Охрид наменети за млади лица со попреченост и без.

Камповите траат 6 дена (5 ноќевања) и се случуваат во Извидничкиот центар Охрид Ицо 

Доколку сте младо лице или така се чувствувате и сакате да ни помогнете да ги организираме летните инклузивни младински кампови, ние веќе сме ЗАИНТЕРЕСИРАНИ да ни помогнеш е вака

  • Директна вклученост во спроведувањето на активностите на отворено кои се одвиваат секој викенд

Досадно ти е веќе од секој викенд те едното исто? Ти викаат и од дома иди заинтересирај се негде, доста ги мериш улиците и правиш дупка во каучите? Сакаш да правиш нешто различно а сепак забавно? Ти иде организација на настани? Сакаш да организираш забави и настани? Ние го имаме совршениот настан за тебе тогаш. Придружи ни се викендашки на активностите од кампањата за собирање средства за кампови.

Активностите на отворено се активности кои се спроведуваат на отворено низ местата во Скопје каде има поголем број на посетители. Овие активности се различни секој викенд. Минатиот викенд, тимот подготви мафини во сабота, а во недела ги продаваа во Градскиот парк. Активностите за наредниот викенд се сеуште отворени за идеи. Доколку имаш и ти интересни идеи, ние би сакале да ги слушнеме.

Се заинтересира? Пополни ја оваа кратка форма и ние веднаш ќе те контактираме ЗАИНТЕРЕСИРАН/А СУМ

Планот за собирање на средства е следен:

-Котизација за учесниците (во котизацијата се вклучени минималните основни трошоци како храна, превоз и работниот тим) пријавување на учество на  следнава форма

-Кампања за прибирање средства онлајн која можете да ја најдете на платформата indiegogo 

-Продажба на колачи и/или други производи и организирање на настани и забави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *