Повик за учесници на Инклузивни младински летни кампови 2019

Центар за младински активизам заедно со Сојуз на извидници на Македонија го објавува повикот за пријавување на учесници на Инклузивните младински кампови кои ќе се спроведат во летниот период.

Инклузивните младински кампови се кампови каде учесници се млади лица со попреченост и без.

Камповите траат 6 дена (5 ноќевања) и се случуваат во Извидничкиот центар Охрид Ицо 

Утринскиот дел од програмата се состои од едукативни активности подготвени според потребите на учесниците, додека попладневниот ден од програма се состои од активности на отворено.

Подготовките за камповите се одвиваат во периодот од март до јуни 2019 година.

Една група на еден камп се состои од 30 до 40 учесници. Учесниците работат поделени во групи од 5 лица. Групите се состојат од 1 лидер на група кој има искуство во работа со млади лица со попреченост и без, 2 лица со попреченост и 2 лица со типичен развој.

Со оваа група на учесници работат 8 лица кои се дел од програмскиот тим и тоа: специјален едукатор, социјален работник, 4 младински работници и 2 координатори на програмските активности.

Како дел од програмскиот тим ќе се приклучат и група на извидници од Франција кои ќе работат со учесниците на активностите на отворено.

Бројот на камповите и датите на реализација ќе бидат потврдени според потребите и пријавените учесници. Информацијата за точниот број и датата на реализација на камповите ќе биде објавена во првата недела од јуни 2019 година.

Програма на кампот се состои од:

-Активности за градење на група;

-Локални и регионални вечери;

-Активности на отворено (кајакарење, пешачење, стрелаштво, водени лудории, палење на логорски оган, спортски активности и многу други);

-Работилници каде ќе се користат методите на неформално образование на различни теми;

-Посети на локалните места во Охрид;

-Интересни и забавни активности.

Котизација за учество: 7 345 мкд по учесник.

Котизацијата вклучува:

  • Превоз од местото на живеење на учесникот до Извидничкиот центар Охрид
  • Сместување во шатори
  • 3 оброци (доручек, ручек и вечера) и 1 ужинка (кафе/чај и овошје)
  • Директно учество на активностите од кампот вклучувајќи ја целата програма
  • Одоворни лица за времетрање на кампот и тоа: специјален едукатор, социјален работник и младински работници.

Доколку сте заинтересирани за учество, пополнете ја следнава форма

За реализација на камповите за летната сезона 2019 година се организира кампања за прибирање средства како би можело да се обезбеди учество за поголем број на учесници.

Планот за собирање на средства е следен:

-Котизација за учесниците (во котизацијата се вклучени минималните основни трошоци како храна, превоз и работниот тим)

-Кампања за прибирање средства онлајн која можете да ја најдете на платформата indiegogo 

Доколку сте во можност би ви биле благодарни доколку донирате за реализација на Инклузивните летни младински кампови.

-Продажба на колачи и други производи подготвени од лицата со попреченост и без. Подетални информации каде ќе може да ги најдете ќе објавиме во наредниот период.

За дополнителни информации контактирајте не на infokrikcenter@gmail.com или на sim@scout.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *