Повик за учесници на чајанки

Центарот за младински активизам ЦМА Крик објавува повик за учесници на чајанки како дел од младинските програми кои се спроведуваат во три специјални училишта во Скопје.

Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Маладиинфо Интеранционал (Македонија).

Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Во рамки на овој проект, како регрантисти, ЦМА Крик го спроведува проектот „Youth Participation for ALL!“. Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во нивниот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво.

Во склоп на активностите предвидено е да се имплементираат 5 чајанки, кои ќе се имплементираат во периодот од Февруари до Март 2019, а на кои активно учество ќе земат 20 млади лица.

Чајанките ќе се бидат организирани од тим составен од младински работници. Овие чајанки ќе опфатат активности од едукативен и забавен карактер, а имаат за цел да ја зголемат социјалната инклузија на младите лица со попреченост, кои ќе имаат можност да поминат време со свои врсници од типичен развој.

Петте чајанки ќе бидат имлементирани во периодот од Февруари до Март 2019 година во пет Скопските кафулиња и тоа:

* Casa Cubana (Кеј на Вардар) 28.02.2019 четврток;

* The Loft (Центар); 07.03.2019 четврток;

* Déjà vu (Во Трговскиот центар Капитол) 14.03.2019 четврток;

* BKV (Во близина на Веро Тафталиџе) 21.03.2019 четврток ;

* Cozy Bar 28.03.2019 четврток.

Доколку сте заинтересирани пополнете ја оваа апликациска форма најдоцна 3 дена пред одржување на чајанката за која аплицирате.

Проектот “Youth Participation for ALL” се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија.

Доколку имате дополнителни прашања, можете да не контактирате на infokrikcenter@gmail.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *