Повик за волонтери за спроведување на младински програми

ЦМА Крик објавува повик за волонтери (специјални едукатори; студенти на факултетот за специјална едукација) за спроведување на младински програми во 3 специјални училишта.

Во рамки на тековните активности на ЦМА Крик се спроведуваат младински програми во 3 специјални училишта:

  • ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје
  • Завод за рехабилитација на деца и младинци – Топанско Поле
  • ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје

Волонтерите ќе работат во тим составен од 1 младински работник и 1 млад човек.

Во склоп на активностите предвидено е планирање и спроведување на младинска програма составена од 10 инклузивни работилници во времетраење од 4 месеци (еднаш во неделата). Како дел од програмата се планирани и социјални настани во кафулиња и активности на отворено. Како учесници на работилниците ќе бидат млади лица со попреченост и без.

Потребни квалификации:

  • Познавање на специјалната едукација за лица со попреченост;
  • Претходно искуство ќе се смета за предност.

Доколку сте заинтересирани пополнете ја оваа апликациска форма најдоцна до 15ти јануари 2019.

Доколку имате дополнителни прашања, можете да не контактирате на infokrikcenter@gmail.com.

Ве очекуваме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *