Повик за членови на Управен одбор Генерално годишно собрание се одржува на 25.12.2018 вторник, младински центар Крикни

 

Центар за младински активизам Цма Крик објавува повик за членови на Управен одбор . Годишното генерално собрание ќе се случи на 25.12.2018 со почеток од 17:00 часот.

 

Според член 26 од Стаутот на Цма Крик, член на Управниот одбор може да биде:

 

Член 26

 

Управувањето на организацијата во периодот меѓу две седници на Собранието го врши Управниот одбор и го сочинуваат пет члена.

Управниот одбор го избира Собранието како највисок орган.

Член на Управниот одбор може да биде лице кое е деловно способно и е активен, полноправен член на Здружението најмалку две години.

Членовите на Управен одбор не добиваат финансиски надомест за својата работа во рамките на одборот.

 

Според Член 30 од Статутот на Цма Крик, Управниот одбор ги има следните надлежности

 

Член 30

 

Управниот одбор на Здружението ги има следниве надлежности:

  • го следи спроведувањето на Статутот, Стратегијата и Програмата на Здружението,
  • се грижи за работењето и имотот на организацијата,
  • мониторира и прегледува имплементација на одобрените годишни средства и ако е возможно прави нивна измена,
  • ја разгледува завршната сметка и ревизорскиот извештај и ги поднесува за усвојување пред Собранието,
  • собира и алоцира нови средства,
  • поднесува нови проекти
  • развива политика која ја претставува пред Собранието,
  • рапортира пред Собранието за имплементација на одобрените одлуки,
  • суспензира и исклучува членови,
  • поднесува годишни извештаи за својата работа пред Собранието и
  • врши други работи во согласност со Статутот и актите на Здружението.

 

Доколку сакате да бидете член на Управен одбор, пополнете ја формата за член на Генерално собрание  и дополнително испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com  не подоцна од 24.12.2018 крај на работно време.

 

Доколку имате дополнителни прашања пишете ни на infokrikcenter@gmail.com

 

 

 

Повик за членови на Генерално собрание 25.12.2018 вторник, младински центар Крикни

Центар за младински активизам Цма Крик објавува повик за членови на Генерално собрание. Годишното генерално собрание ќе се случи на 25.12.2018 со почеток од 17:00 часот.

 

Генералното собрание се организира 1 годишно (регуларно) и дополнително по потреба.

 

Согласно член 17 од Статутот на Цма Крик, членови на Генералното собрание на Крик можат да бидат полноправни и придружни членови.

 

Член 17

 

Постојат две категории на членување, односно полноправно и придружно.

Полноправниот член има право на еден глас за време на Годишното Собрание, има право да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението. Полноправниот член редовно плаќа членарина.

 

Придружниот член може да присуствува на Годишното Собрание при што нема право на глас. Придружни членови се симпатизери на организацијата или гости. Придружниот член не плаќа членарина.

 

Полноправен член е лице кое

  • активно учествувало на минимум 6 активности организирани од Крик
  • спровело минимум 1 активност (настан, работилница или слично) во рамки на програмата на Крик

 

Придружен член е лице кое

  • активно учествувало на минимум 3 активности организирани од Крик

 

*Активност е секоја краткорочен или долгорочен настан кој е организиран во рамки на програмата на Крик.

**Спроведена активност значи самостојно да се испланира, дизајнира и спроведе одредена активност во рамки на програмата на Крик.

 

Според член 19 од Статутот на Крик, Собрание е:

 

Член 19

Собрание

 

Собранието на Здружението е негов највисок орган, кое го води Претседателот на Собранието, а во неговата работа учествуваат сите членови, но право на глас имаат само полноправните членови.

 

Според член 25 од Статутот на Цма Крик, Собранието ги има следните надлежности:

 

Член 25

 

Собранието на Здружението ги има следните надлежности:

  • донесува Статут, програма и други акти,
  • усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на огласната табла на својата интернет страница,
  • доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа,
  • одлучува за промена на целите на Здружението,
  • одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на Здружението,
  • избира и разрешува членови на органите,
  • одлучува за статусните измени на Здружението,
  • одлучува за престанок на Здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на Здружението и
  • врши други работи во согласност со Статутот и актите на Здружението

 

Доколку сакате да бидете дел од Управувачкото тело на Крик аплицирајте на следниов линк

 

Не подоцна од 24.12.2018 крај на работно време.

 

Доколку имате дополнителни прашања пишете ни на infokrikcenter@gmail.com