Повик за 6 младински работници.

ЦМА Крик објавува повик за 6 младински работници за спроведување на младински програми во 3 специјални училишта.

Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години, тој е поддржан од Европската комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Divac Foundation (Србија), Прима асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и  Младиинфо Интернационал  (Македонија).

Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат ви нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Во рамки на овој проект, како регрантисти, ЦМА Крик го спроведува проектот “Youth Participation for ALL”. Главната цел на проектот е да придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во неговиот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво.

Во активностите проектот “Youth participation for ALL” на ЦМА Крик се спроведуваат младински програми во 3 специјални училишта:

  • ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје
  • Завод за рехабилитација на деца и младинци – Топанско Поле
  • ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопјe

 

Младинските работници ќе работат во тим составен од 1 младински работник, 1 млад човек и 1 волонтер.

Во склоп на активностите предвидено е планирање и спроведување на младинска програма составена од 5 инклузивни работилници во времетраење од 4 месеци. Како учесници на работилниците ќе бидат млади лица со попреченост и без.

Во склоп на работните задачи се вбројува:

  • Изработка на план и програма за 5 инклузивни работилници
  • Комуникација со учесници
  • Спроведување на состаноци со програмскиот тим
  • Спроведување на 5 работилници
  • Евалуација и известување за спроведените работилници

Потребни квалификации:

  • Познавање на младинската работа;
  • Претходно искуство во спроведување на младински програми и/или работа со мешани групи на лица со попреченост или без ќе се смета за предност.

Доколку сте заинтересирани пополнете ја оваа апликациска форма најдоцна до 25ти септември (вторник).

Во рамки на активностите, предвиден е паричен надомест.

Проектот “Youth Participation for ALL” се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија.

 

Доколку имате дополнителни прашања, можете да не контактирате на infokrikcenter@gmail.com.

 

Ве очекуваме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *