Повик за 2 истражувачи.

ЦМА Крик во склоп на проектот Youth participation for ALL, објавува повик за 2 истражувачи.

Главната цел на проектот е да придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско
општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во неговиот развој, развивајќи се
себе си на лично и социјално ниво.

Истражувањето има за цел да охрабри соработка помеѓу младинските организации и
специјалните интитуции.

Во склоп на истражувањето ќе се мапираат организациите кои нудат активности за млади  и
специјални институции(дневни центри, специјални училишта, групни домови). Во процесот на
мапирање ќе се обезбеди поддршка од Националниот младински совет на Македонија и Сојузот
за младинска работа, како и Министерството за труд и социјална политика, под чија капа се
наоѓаат специјалните институции.

Откако ќе се соберат информациите, потребно е да се креира документ кој ќе ги содржи овие
информации(контакт, поле на делување, вид на активности). Овој документ ќе биде доставен до сите засегнати страни – младински организации, специјални институции, како и до сите општини
во Република Македонија. Понатаму ќе биде доставен и до министерствата за образование,
култура, труд и социјална политика, за да служи како база на податоци.

Времетраењето на истражувањето е во период од 2 месеци.

Аплицирањето се одвива преку испраќање на ваше CV и мотивационо писмо на
infokrikcenter@gmail.com

За ангажманот предвиден е финансиски надомест.

Проектот “Youth Participation for ALL” се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште
на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија.
Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години, тој е
поддржан од Европската комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација –
Ana and Vlade Divac Foundation (Србија), Прима асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар
за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија),
Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Младиинфо
Интернационал (Македонија).

Краен рок на аплицирање е ти 25ти септември (вторник).

За повеќе информации, Ве молиме да не контактирате на infokrikcenter@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *