Повик за учесници на младинска програма во ”Завод за рехабилитација на деца и младинци – Топанско Поле”

Центар за младински активизам Цма Крик спроведува младинска програма за лица со попреченост и лица со типичен развој. Младинската програма е составена од 10 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период септември – ноември 2018 во ”Завод за рехабилитација на деца и младинци” во Топанско поле. Една работилница трае 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за млади лица.

Тема: Инклузија на лица со попреченост со нивните врсници преку учество во заеднички активности. Работилниците ќе опфатат теми како комуникации, релации, односи, сексуално образование.

Работилниците се реализираат во просториите на “Завод за рехабилитација на деца и младинци”- Топанско Поле во Скопје и во природа

Работилниците се одвиваат во период од септември до ноември, секој вторник од 15:30 до 17:00 часот, почнувајќи од 25 септември.

Апликациската форма можете да ја најдете тука.

Краен рок за аплицирање e  20 септември

Контакт за дополнителни прашања:

Симона Пауновска: 070 669 550  simona.paunovska@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *