Повик за учесници на младинска програма во училиштето ”Партенија Зографски”

Центар за младински активизам Цма Крик спроведува младинска програма за лица со попреченост и лица со типичен развој. Младинската програма е составена од 10 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период септември – ноември 2018 во училиштето ”Партенија Зографски”. Една работилница трае 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за млади лица.

Тема: Инклузија на лица со попреченост со нивните врсници преку учество во заеднички активности. Работилниците ќе опфатат теми како сексуално образование, менаџирање на буџет и занаетчиство.

Работилниците се реализираат во просториите на “Партенија Зографски” во Скопје и во природа.

Работилниците се одвиваат во период од септември до ноември, секоја среда од 19:30 до 21:00 часот, почнувајќи од 26 септември.

Апликациската форма можете да ја најдете тука.

Краен рок за аплицирање e  20 септември

Контакт за дополнителни прашања:

Симона Пауновска: 070 669 550  simona.paunovska@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *