Повик за учесници на обуки на тема програмски јазици

Во период од септември до декември 2018 Цма Крик спроведува проектни активности од проектот Code, Innovate, Connect. Проектните активности се спроведуваат во партнерство со Завод YPSILON од Словенија а се финансирани од САП компанијата од Словенија.

Програмата се состои од 4 Циклуси:

Циклус 1 – 4 работилници на темите подолу (септември-октомври)

Циклус 2 – отворени настани на популарни теми за програмирање (октомври)

Циклус 3 – планирање на бизнис предизвици (практична работа на бизнис случаи)

Циклус 4 – групите кои најдобро ги испланирале бизнис предизвиците ќе учествуваат на натпревар во Словенија со останатите групи од другите држави.

Центар за младински активизам Цма Крик распишува повик за учесници на обуки на следните теми:

Обука 1 – SAP Cloud Platform (SCP)

Обука 2 – HTML5

Обука 3 – основи на JavaScript

Обука 4 – CSS (основно и напредно ниво)

Секоја од обуките се одвива во времетраење од 4 часа (плус кафе паузи) во текот на викендите во месец септември ( 15.09 / 16.09 / 22.09 /29.09 ).

За учество се потребни 25 млади лица на возраст од 16 до 30 години со основни или никакви познавања на темите. Учесниците ќе учествуваат на обуките без плаќање на финансиски надомест, но со користење на сопствен лап топ. 

Работилниците ќе се спроведуваат во младинскиот центар Крикни во Пржино.

Доколку сте заинтересирани за учество аплицирајте на следниот линк:

HOME

Повикот е отворен до 05.09.2018.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

За дополнителни информации, контактирајте не на меилот infokrikcenter@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *