Повик за обучувачи за спроведување на обуки на тема програмски јазици

Во период од септември до декември 2018 Цма Крик спроведува проектни активности од проектот Code, Innovate, Connect. Проектните активности се спроведуваат во партнерство со Завод YPSILON од Словенија а се финансирани од САП компанијата од Словенија.

Програмата се состои од:

Септември-октомври Циклус 1- 4 работилници на темите подолу

Октомври Циклус 2- отворени настани на популарни теми за програмирање

Циклус 3-планирање на бизнис предизвици (практична работа на бизнис случаи)

Циклус 4-групите кои најдобро ги испланирале бизнис предизвиците ќе учествуваат на натпревар во Словенија со останатите групи од другите држави.

Центар за младински активизам Цма Крик распишува повик за обучувачи кои ќе спроведат обуки на следните теми:

Обука 1 SAP Cloud Platform (SCP)

Цели на обуката

Учесниците да ги разберат придобивките од SCP (да се објасни накратко и да се имплементира во практика)

Учесниците да се научат како да прикачат вебсајт на SCP.

Обука 2 HTML5

Обука 3 основи на JavaScript

Обука 4 CSS (основно и напредно ниво)

Секоја од обуките се одвива во времетраење од 4 часа (плус кафе паузи) во текот на викендите во месец септември. Точните дати ќе се потврдат.

Потребни квалификации:

Работа со млади

Работа како обучувач

Релевантно познавање на темата за која аплицирате.

Работен јазик-македонски.

Група на учесници пред кои се спроведува обуката- 25 млади лица на возраст од 16 до 30 години со основни или никакви познавања на темите кои ќе бидат селектирани преку јавен повик за учесници. Учесниците ќе учествуваат на обуките без плаќање на финансиски надомест.

Работилниците ќе се спроведуваат во младинскиот центар Крикни во Пржино.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на кратка биографија, план на програма за обуката за која аплицирате и кратко мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com. Во насловот на мејлот наведете за која обука аплицирате.

План на програма-наведете ги темите кои би ги обработиле во текот на 4 часовната обука и методите кои би ги користеле.

Во краткото мотивационо писмо, освен вашата мотивација за аплицирање, наведете повеќе информации за вашето искуство во спроведување обуки со млади и спроведување обуки на овие теми.

Кандидадите можат да аплицираат за една или повеќе обуки.

Бруто сума која се исплаќа на обучувачот за 1 обука е 6 135 мкд. Паричниот надомест се исплаќа по завршување на обуката и поднесување на извештај од истата. Пред започнување на обуката, Цма Крик потпишува договор за привремено ангажирање со обучувачот.

Доколку имате дополнителни прашања обратете се на infokrikcenter@gmail.com

Повикот е отворен до 15.08.2018.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *