Повик за вработување на младински работник во Цма Крик

Име: Центар за младински активизам Цма Крик
Адреса: Караџица 6
Тел: ++389 78 370 987
Email: infokrikcenter@gmail.com
Веб: www.krik.org.mk fb page: CYA KRIK
Лице за контакт: Mила Карадафова
email: Karadafova@hotmail.com
Краен рок 10.07.2018// Работниот ангажман започнува од 16.07.2018

 

Центарот за младински активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

 

Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

 

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик се отвора 1 работна позиција и тоа: младински работник.

 

Основни информации:

 

Позиција: Младински работник за цело работно време.

 

Работни обврски:

 

  • Во партнерство спроведува активности и мапира потреби на млади на територија на о. Сарај;
  • Комуницира со меѓународни партнери за проекти за мобилност на млади од Еразмус + програмата
  • Подготвува и поддржува млади лица за учество на Европски образовни програми за мобилност
  • Да понуди знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
  • Директно е вклучен во извршување на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
  • Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектни активности;
  • Подготвува и преведува документи од македонски на албански јазик.

 

Потребни квалификации:

 

  • Универзитетска диплома или релевантно искуство;
  • Компетенции за работа со млади на терен;
  • Да има познавање од едукативните настани од програмата Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери;
  • Флексибилност при одговарање на менување на потребите на учесниците и извршната канцеларија;
  • Способност да придонесува и работи во тим;
  • Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
  • Да има познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
  • Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
  • Да го разбира Европскиот волонтерски сервис

***работа со ЕВС волонтери и ЕВС искуство се смета за предност;

  • Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот, албанскиот и англискиот јазик;

 

Работен ангажман: од понеделник до петок од 9 до 17 часот. Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).

Работен простор: извршна канцеларија на Цма Крик кој се наоѓа во Пржино.

Број на младински работници: 1

Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com. 

Краен рок за аплицирање: 10.07.2018

Работниот ангажман започнува на: 16.07.2018

Ангажманот се склучува со времетраење од 3 месеци и можности за продолжување. По истекување на 3те месеци, договорот се продолжува за полно работно време во период од 1 година.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *