Пушти КРИК на Д Фестивал!

Центар за Младински Активизам КРИК ве води на потрага по богатство за време на Д Фестивал во Дојран.

Во оваа потрага ќе бидат вклучени 6 тимови од млади чија цел ќе биде да поминат низ 6 точки низ ПлоштАрт зоната во фестивалскиот камп. Не секоја од овие точки тие ќе треба да извршат по една забавна задача која е поврзана со некоја попреченост.

Потрагата ќе се одвива на 7ми јули (сабота) и 8ми јули (недела) од 13:00ч.

Затоа соберете друштво од 5 члена и пријавете го вашиот тим на infokrikcenter@gmail.com.

Како да се пријавите?
1. Соберете тим од 5 члена.
2. Смислете име.
3. Направете кратко креативно видео кое го претставува тимот.
4. Испратете го видеото на нашиот мејл.
5. Готово.

При аплицирањето, наведете на кој ден сакате да учествувате во Потрагата.

Краен рок за аплицирање: 30 јуни 2018.

Членовите на најбрзиот тим ќе добијат сигурна можност да учествуваат на мобилност во странство обезбедена од ЦМА КРИК до крајот на 2019 год. И секако гајба пиво!

Се гледаме и КРИКаме заедно на Д Фестивал!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *