Повик за учесници на младинска програма во ОУ „Златан Сремец“ – Скопје

Центар за младински активизам Цма Крик спроведува младинска програма за лица со попреченост и лица со типичен развој. Младинската програма е составена од 7  работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период април – јуни 2018 во ОУ,,Златан Сремец – Скопје.  Една работилница трае 1 час. Младинските програми се наменети за млади лица.

Тема: Инклузија на лица со попреченост со нивните врсници преку учество во заеднички активности. Работилниците ќе ги опфатат различните култури од каде што доаѓаат ЕВС волонтерите во ЦМА Крик

Работилниците се реализираат во просториите на  ОУ,,Златан Сремец – Скопје”

Работилниците се одвиваат во период од април до јуни, секоја среда  од 13:00 до 14:00 часот, почнувајќи од 25 април.

Апликациската форма можете да ја најдете тука.

Краен рок за аплицирање e 23 април.

Контакт за дополнителни прашања:

Елисавета Булоска: 078 517 189

Електронска пошта: kriksending@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *