Повик за учество во проектот “IncluDance”.

За „IncluDance“

Проектот “IncluDance”, се спроведува во рамките на Linking, Engagement, Advocacy,
Development-LEAD MK годишната стипендирана програма во рамки на Проектот на
УСАИД за граѓанско учество, од страна на Оливер Андреевски кој е дел од втората
генерација стипендисти во програмата.

Главната цел на проектот е да се подигне свеста на заедницата за креативниот танцов
потенцијал на младите лица со попреченост и подобрување на нивниот пристап во
фолклорните групи и на тој начин да се придонесе кон подобрување на квалитетот на
живот и можностите за креативен израз на овие млади.

Проектот содржи неколку настани:
– Средба со претставници на фолклорни групи и лица со попреченост кои се
вклучени во изведбени уметности;
– Формирање на фолклорна група и подготовка на кореографија;
– Изведби на подготвената кореографија;
– Завршна средба за презентација на резултатите и видео кое ќе произлезе од
целиот процес.

Критериуми за членство во фолклорната група
Право на пријавување за членство во групата имаат 20:
– млади лица со попреченост на возраст од 15 – 25 години;
– млади без попреченост на возраст 15 – 25 години;
– мотивирани да танцуваат и да се дружат;
– слободни да присуствуваат на сите предвидени проби и настапи;
– претходно искуство или членство во фолклорна група ќе се смета за предност.
Бројот на учесници во групата е ограничен на 20 млади лица.

При формирање на групата ќе се внимава на еднаква родова застапеност и еднаков
број на лица со попреченост и без во истата.

План и распоред за работа на групата
Групата ќе одржи 20тина проби за подготовка и усовршување на кореографијата, во
периодот април – мај 2018. Кореографијата, по нејзината подготовка, неколкупати ќе
биде изведена пред публика во јуни 2018.

Начин на пријавување
Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на апликациска форма која
можете да ја најдете на следниот линк најдоцна до 01.03.2018.

За повеќе информации контактирајте не на е-адреса: oliverandreevski@outlook.com или
телефонскиот број 078430475 – Оливер.

Се гледаме на проба!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *