Повик за учесници на младинска програма во ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје

Центар за младински активизам Цма Крик спроведува младинска програма за лица со попреченост и лица со типичен развој. Младинската програма е составена од 12 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период февруари – април 2018 во ДУЦОР,,Партенија Зографски – Скопје.  Една работилница трае 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за млади лица.

Тема: Инклузија на лица со попреченост со нивните врсници преку учество во заеднички активности. Работилниците ќе ги опфатат различните култури и занаети, готвење, работа си глина и сл.

Работилниците се реализираат во просториите на ДУЦОР ,,Партенија Зографски – Скопје”

Работилниците се одвиваат во период од февруари до април, секој вторник од 19:00 до 20:30 часот, почнувајќи од 15 февруари.

Апликациската форма можете да ја најдете тука.

Краен рок за аплицирање e 14 февруари.

Контакт за дополнителни прашања:

Елисавета Булоска: 078 517 189

Лидиа Манон: 077 590 296

Електронска пошта: kriksending@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *