Повик за учесници на работилница и еднодневна екскурзија

Центар за младински активизам Цма Крик спроведува работилница и еднодневна екскурзија на Попова Шапка за млади лица со попреченост и млади лица со типичен развој. Овие активности се спроведуваат како дел од проектот  “Tools for Social Development” кој се одржа од 1 до 8 декември, 2017 во Врњачка Бања. Главна цел на проектот е градење капацитети на младинските работници за работа со млади луѓе со попреченост преку театарски алатки и методи и техники од современ танц.

Работилница на тема ”Годишни времиња” ќе се реализира на 06.02.2018 година од 16:00 до 17:30 во ДСУ за рехабилитација и образование ,,Св. Наум Охридски’‘ во Скопје.

Еднодневната екскурзија ќе се реализира на Попова Шапка. Времето ќе биде дополнително одредено, по договор. Патни трошоци, освежување и ладен оброк ќе бидат обезбедени.

Апликациската форма може да ја најдете тука.

Рок на аплицирање: 05.02.2018 (понеделник)

Конаткт за дополнителни информации:

Оливер Андреевски: 078 430 475 oliverandreevski@outlook.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *