Повик за учесници на младинска програма во ”Завод за рехабилитација на деца и младинци – Топанско Поле”

Центар за младински активизам Цма Крик спроведува младинска програма за лица со попреченост и лица со типичен развој. Младинската програма е составена од 10 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период февруари – април 2018 во ”Завод за рехабилитација на деца и младинци” во Топанско поле. Една работилница трае 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за млади лица.

Тема: Инклузија на лица со попреченост со нивните врсници преку учество во заеднички активности. Работилниците ќе опфатат теми како екологија, здрав живот, активности во природа, неформални средби и уметности.

Работилниците се реализираат во просториите на “Завод за рехабилитација на деца и младинци”- Топанско Поле во Скопје и во природа

Работилниците се одвиваат во период од февруари до април , секој вторник од 15:30 до 17:00 часот, почнувајќи од 6 февруари.

Апликациската форма можете да ја најдете тука.

Краен рок за аплицирање e  10 февруари

Контакт за дополнителни прашања:

Елисавета Булоска: 078 517 189  e.buloska@hotmail.com

Лидиа Манон: 077 590 296 l.veljanova@web.de

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *