Повик за хонорарен ангажман во Цма Крик на позиција асистент за финансии и администрација

 

Име: Центар за младински активизам Цма Крик
Адреса: Караџица 6
Тел: ++389 78 370 987
Email: infokrikcenter@gmail.com
Веб: www.krik.org.mk fb page: CYA KRIK
Лице за контакт: Mила Карадафова
email: Karadafova@hotmail.com
Краен рок 23.01.2018 // Работниот ангажман започнува од 01.02.2018

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвoраме 1 нова работна позиција-асистент за финансии и администрација. 

Основни информации:

Асистент за финансии и администрација ќе биде ангажиран на пола работно време 20 часа неделно и ќе работи во директна координација со Извршната директорка. 

Работни обврски:

  • Да обезбеди административна и логистичка поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат;
  • Да ја одржува архивата на Крик;
  • Административно да ги води тековните проекти и да прибира и подготвува потребни документи;
  • Да подготвува фактури за исплата и да се грижи за навременно примање на средствата;
  • Директно е вклучен/а во работењето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага на останатите вработени во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
  • Директно е вклучен/а во прибирање финансиски средства за наредни проектни активности;
  • Се грижи за административното и техничко работење и води дата база на документите;
  • Го следи финансиското работење на организацијата;
  • Комуницира со донатори (народни и меѓународни).

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома или релевантно искуство;
  • Да биде способен/а технички и логистички да организира настани и активности;
  • Да има познавање од едукативните настани од програмата Ерасмус + и техничкото, финансиското и логистичкото работење на програмата при комуницирање со партнери;
  • Флексибилност при одговарање на менување на потребите на учесниците и извршната канцеларија;
  • Способност да придонесува и работи во тим;
  • Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
  • Да има  познавања на проектен и финансиски менаџмент како и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
  • Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да состави буџетска рамка за активностите;
  • Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
  • Да има познавање во работа со донатори (народни и меѓународни);
  • Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик. Познавање на албанскиот јазик се смета за предност.

Работен ангажман: од понеделник до петок по 4 часа. Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).

Работен простор: канцеларии на Цма Крик кои се наоѓаат во Пржино.

Број на асистенти: 1.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com. 

Краен рок за аплицирање: 23.01.2018

Работниот ангажман започнува на: 01.02.2018

Тест период: 01-20.02.2018

Ангажманот се склучува со времетраење од 3 месеци и можности за продолжување. По истекување на 3те месеци, договорот се продолжува за полно работно време во период од 1 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *