Повик за учесници на новогодишни работилници!

Центар за младински активизам Цма Крик организира новогодишни работилници во соработка со повеќе училишта и институции. На работилниците ќе се изработуваат новогодишни украси од глина. На крајот од секоја работилница ќе се одржи лотарија на која секој ќе добие подарок – новогодишен украс.

Целта на работилниците е да се развие креативноста, да се стекнат нови вештини и да се развие моториката.

Тема: Инклузија на лица со попреченост со нивните врсници преку учество на новогодишни креативни работилници.

Работилниците се реализираат во 

  • ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје – 19ти декември 19:00ч
  • ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје – 20ти декември 18:30ч
  • Завод за рехабилитација на деца и младинци – Топанско поле – 26ти декември 16:00
  • Младински центар Крикни – Скопје – 27ми декември 18:00

Апликациската форма можете да ја најдете тука.

Контакт за дополнителни прашања:

Оливер Андреевски: 078 430 475 oliverandreevski@outlook.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *