Повик за учесници на креативни работилници во Св.Наум Охридски

Центар за младински активизам Цма Крик  спроведува  младинска програма за лица со типичен и атипичен развој. Младинската програма е составена од 10 креативни работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период септември – ноември 2017 во ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски” во Скопје. Една работилница трае 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за млади лица. 

Тема: Инклузија на лица со попреченост со нивните врсници преку учество на креативни работилници.

Работилниците се реализираат во просториите на  ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски” во Скопје.

Работилниците се одвиваат во период од септември до ноември, секој четврток од 15:00 до 16:30 часот, почнувајќи од 28 септември.

Апликациската форма можете да ја најдете тука.

Краен рок за аплицирање 27 септември.

Контакт за дополнителни прашања:

Валмира Арифи: 070 626 303, valmirarifi@live.com

Оливер Андреевски: 078 430 475 oliverandreevski@outlook.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *