Повик за практикант во Цма Крик

Име: Центар за младински активизам Цма Крик
Адреса: Караџица 6
Тел: ++389 78 370 987
Email: infokrikcenter@gmail.com
Веб: www.krik.org.mk fb page: CYA KRIK
Лице за контакт: Mила Карадафова
email: Karadafova@hotmail.com
Краен рок 22.09.2017 // Работниот ангажман започнува од 01.10.2017

 

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме повик за практикант кој ќе биде активно вклучен во работата на центарот. Практикантот ќе има можност да стекнува практично искуство во работа со различни целни групи, на организирање настани и активности.

Основни информации: Практикант  ангажиран на пола работно време 20 часа неделно.

 Обврски:

  • Да обезбеди техничка и логистичка поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат;
  • Технички и логистички да подржи група на млади луѓе за учество на едукативни настани во Македонија и во странство;
  • Да детектира и да пристапи до различни програми за да обезбеди едукативни можности за личен и социјален развој на млади лица со попреченост и без;
  • Директно е вклучен во веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
  • Да биде активно вклучен во работата на Младинскиот Центар Крикни.

Потребни квалификации:

  • Да биде способен/а технички и логистички да организира настани и активности;
  • Способност да придонесува и работи во тим;
  • Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
  • Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
  • Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик. Познавање на албанскиот јазик се смета за предност.

Ангажман: Ангажманот ќе трае три месеци, со можност за продолжување (од понеделник до петок, по договор). Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).

Патните трошоци ќе бидат покриени од страна на Цма Крик.

Работен простор: Извршна канцеларија на Цма Крик кој се наоѓа во Пржино ул. Караџица 6.

Начин на аплицирање: Доколку сте заинтересирани пратете CV и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *