Повик за учесници на работилница на тема „Кино за социјални права – поддржување на процесот на унапредување на социјалните права на младите луѓе во Европа.“

ЦМА КРИК објавува повик за учесници на работилница на тема:  „Кино за социјални права – поддржување на процесот на унапредување на социјалние права на младите луѓе во Европа.“

 

Кога: Работилницата ќе се реализираа во четврток, 20 јули 2017 година, 17:30 – 20:00 ч.
Каде: Младински центар КРИКНИ, Скопје
Ул. Караџица бр. 6, Пржино, мапа

 

Повеќе за оваа работилница:
• На оваа работилница ќе се запознаеме со групата основни или социјално човекови права и кои препораки ги дава Советот на Европската унија за нивно унапредување преку интерактивни сесии.
• Ќе се дискутираат актуелните состојби во Република Македонија и начините на кои може да се подигне свеста унапредат овие права.
• Следни чекори и активности поврзани со темата.

Оваа работилница е прва од мини кампањата за застапување за подобрување на пристапот до социјалните права која Крик ја води со  Youth Social Rights Network мрежата, како дел од проектните активности кои мрежата ги реализира од проектот:”Cinema for social rights – supporting the process of promoting and improving of the access to social rights of young people from disadvantaged neighborhood and young people with fewer opportunities in Europe.” Проектните активности кои мрежата ги реализира се во насока на промовирање на препораки од Совет на Европа за подобрување на пристапот до социјалните права на младите. Овие кампањи се случуваат и во различни градови во Европа.
Профил на учесници: Млади од 17 до 29 години, доколку имате фотографски и способности за снимање ќе се смета за предност.
Начин на аплицирање: Доколку сакате да учествувате на оваа работилница пополнете ја оваа апликациска форма.
Рок за аплицирање: 19 јули 2017 година

Контакт за дополнителни прашања: kriksending@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *