Повик за вработување во Цма Крик за програмски асистент за социјална инклузија

 

Име: Центар за младински активизам Цма Крик
Адреса: Караџица 6
Тел: ++389 78 370 987
Email: infokrikcenter@gmail.com
Веб: www.krik.org.mk fb page: CYA KRIK
Лице за контакт: Mила Карадафова
email: Karadafova@hotmail.com
Краен рок 25.06.2017 // Работниот ангажман започнува од 01.07.2017

 

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

 

Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

 

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме 1 нова работна позиција: програмски асистент за социјална инклузија. 

Основни информации:

Позиција: Програмски асистент на пола работно време 20 часа неделно.

 Работни обврски:

  • Да работи заедно со координаторот за социјална инклузија;
  • Да обезбеди техничка и логистичка поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат;
  • Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади;
  • Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
  • Да детектира и да пристапи до различни програми за да обезбеди едукативни можности за личен и социјален развој на млади лица со попреченост и без;
  • Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
  • Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
  • Заедно со програмскиот координатор создава нови програми во зависност од потребите на целната група;
  • Работи како ментор на ЕВС волонтери и го помага нивниот развој за понуда на активности за лица со попреченост и без;
  • Дава поддршка на младинските работници кои спроведуваат програми за работа со лица со попреченост и без;
  • Комуницира со донатори (народни и меѓународни).

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома или релевантно искуство;
  • Компетенции за фацилитација на настани и активности за млади лица со попреченост и без;
  • Да биде способен/а програмски и логистички да организира настани и активности;
  • Да има познавање од едукативните настани од програмата Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери;
  • Флексибилност при одговарање на менување на потребите на учесниците и извршната канцеларија;
  • Способност да придонесува и работи во тим;
  • Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
  • Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
  • Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
  • Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
  • Да има искуство во координирање/поддршка на група на едукатори/младински работници при спроведување на програми
  • Да го разбира Европскиот волонтерски сервис ***работа со ЕВС волонтери и ЕВС искуство се смета за предност;
  • Да има познавање од работа во мешани групи со лица со попреченост и без;
  • Да има познавање во работа со донатори (народни и меѓународни);
  • Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик. Познавање на албанскиот јазик се смета за предност;
  • Познавање на работата на институциите кои работат со лица со попреченост во Македонија како и претходна соработка ќе се смета за предност.

Работен ангажман: од понеделник до петок по 4  часа. Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).

Работен простор: извршна канцеларија на Цма Крик кој се наоѓа во Пржино.

Број на асистенти: 1.

Краен рок за аплицирање: 25.06.2017

Работниот ангажман започнува на: 01.07.2017

Тест период: 01-20.07.2017

Ангажманот се склучува со времетраење од 3 месеци и можности за продолжување. По истекување на 3те месеци, договорот се продолжува за полно работно време во период од 1 година.

Доколку сте заинтересирани да аплицирате испратете кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *